Локалниот шестчлен бенд ,,Nebula” од Гевгелија вечерва во организација на Црвениот крст од Гевгелија ќе одржи хуманитарен концерт.
Музиката е избор на познатиот светски репертоар, а средствата собрани од концертот ќе бидат наменети за Здружението на слепи од Гевгелија.
Овој концерт се спроведува во рамките на активностите на Општинска организација на Црвен крст Гевгелија и програмата ,,Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности”.
Место: „Дом на култура”- Народен театар – Гевгелија
Термин: 19:00 часот (20.04.2023 год.)
Влез: 100 денари
Хуманоста на секој посетител на Рок вечерта ќе биде испорачана на Здружението на слепи од Гевгелија.
„Nebula” – Нивното име означува облак од ѕвезди на ноќното небо. Тие се нашите млади ѕвезди во облакот на надежта. Ајде да ги слушнеме нивните рок фреквенции!