Селото Ума е сместено во висините на Кожуф планина на 820 мнв, датира според демографските записи уште од XIX век кога броело над 500 жители власи со христијанска вероисповед, а денеска со последниот попис од 2021 година Ума брои само 4 жители. Тогаш била дел од гевгелиската каза која припаѓала на Отоманското царство, а денеска е дел од Општина Гевгелија.
Во текот на летото овде доминираат викенд посетителите, оние кои ги обновиле, дедовите и прадедовите огништа.
На денот на заштитникот на селото, Свети Пантелејмон (9 август) Ума умее да привлече 100-кратно повеќе посетители од своите жители во слава на заштитникот, но и во слава на влашките корени кои не ги забораваат родните грутки на предците.
Сите нив неделава ги нагости црковниот одбор на црквата “Св.Богородица Пречесна” со сенароден ручек, заедничка веселба и “Влашка софра” приготвена од локалните домаќинки.
Да Ви е за навек Уменското добредојде, уменци!

























