Девет годишната ученичка од Гевгелија, Пепипка Дебникова овој викенд настапи на Меѓународните атлетски игри во Хрватска, во „ПЛАЗМА Лига“ и го освои високото 6-то место.
Таа настапи во конкуренција 60 метри трка за девојчиња, каде го држи првото место на Државните натпревари од истата лига кои се одржаа во јуни годинава. Меѓу учесниците во оваа категорија беа 20 натпреварувачи од шест европски држави: 🇲🇰 Македонија, 🇷🇸 Србија, 🇭🇷 Хрватска, 🇧🇦 Босна и Херцеговина, 🇸🇮 Словенија и 🇺🇦 Украина.
Пепика настапи самоуверено на трасата, а за својот резултат благодарна е на подготовките од својот наставник по физичко образование и спорт Мицко Алексовски, кој беше и нејзин ментор и придружник на игрите во Хрватска.

За учество на овој натпревар Пепика се пласираше со својот победнички резултат на трасата од 60 метри за девојчиња, на „Плазма спортските игри за млади“ одржани на државно ниво во Скопје 2026. Овде настапија над 600 млади од Македонија.
Всушност Пепика, беше дел од македонскиот тим на Финалните спортски игри за младите од Европа по повод 30 годишнината од постоењето на Најголемата спортско-аматерска манифестација за деца и млади во Европа „ПЛАЗМА Лига“. Истата годинава се одржува во Сплит од 17 до 22 август.
Пепика како државен првак на 60 м отиде во финале на Европските игри и се пласира како 6-та на Европско ниво.

Во овие три децении постоење и одржување на „ПЛАЗМА Лигата“ на терените низ Европа се натпреварувале повеќе од 3.869.000 деца и млади.
Македонија за првпат оваа година е дел од големото друштво на СИМ, а првата гевгеличанка учесник е ПЕПИКА ДЕБНИКОВА!
Браво Пепика за учеството и постигнатиот резултат!



















