четврток, 15, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home OД НАШ АГОЛ

Сеќавање: Костадин Котев – Дине, учител, општественик, спортист

август 20, 2026
in OД НАШ АГОЛ
Сеќавање: Костадин Котев – Дине, учител, општественик, спортист
0
SHARES
307
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Убавите спомени за Гевгелија не се само улиците, корзото, игранките од минатото, од минатиот век, туку и вредните луѓе кои го исполниле животот и изгледот на Гевгелија со својот труд, со своето ангажирано присуство и вложеност.

Таков белег остави и Костадин Котев, во народот умилно нарекуван Дине Котев, кој е роден на денешен ден 20 август во далечната 1931 година. Денес би славел 95-ти роденден, но веќе 29 години тој своите родендени ги слави со ангелите. Почина на 66 годишна возраст на 24.09.1997 година.

Related posts

Бранко и Тања Попови од Дојран – Со грант за самовработување до успешна семејна бизнис приказна

Бранко и Тања Попови од Дојран – Со грант за самовработување до успешна семејна бизнис приказна

октомври 12, 2026
Џоко Дојранлиев – првиот пица мајстор во Гевгелија

Џоко Дојранлиев – првиот пица мајстор во Гевгелија

септември 23, 2026

Костадин Котев ќе биде запаметен како основач на Центарот за социјални работи во Гевгелија, од канцеларија, преку простории во монтажен објект до изградба на зградата на Центарот за социјални работи и Хуманитарните организации во Гевгелија, установа која до денеска функционира во истите простории.
За важноста и вредноста на оваа установа знаат нејзините корисници, сегашни и некогашни, луѓе кои ги пребродиле домашните, семејните, здравствените проблеми благодарение на помошта од оваа установа.

Организационите способности ги калеше од млад: во текот на работната кариера беше Управник на угостителство во Дојран, Секретар на Општина Богданци, (и Дојран, и Богданци, во втората половина од XX век беа дел од Општина Гевгелија).

Општествената одговорност за образование и напредок на заедницата ја исполни како учител во планинаското селото Хума, гевгелиско. Интересен е податокот дека Котев беше последниот учител пред затварањето на училиштето со иселувањето на жителите после ослободувањето во ВСВ, некаде околу 50-те години од XX век.

Костадин Котев со своите ученици во училиштето во с.Хума, гевгелиско (15.05.1951 год.)

Во младоста беше активен на спортски план и како спортист, и како спортски работник.

Костадин како активен фудбалер во ФК „Дојранско Езеро“, втор од десно долу

За своите ангажмани за општествениот напредок добитник е на Орден за заслуги за народ со сребрена звезда.

Со ваквата посветеност на работните, општествените и спортските ангажмани Котев не ги пропушти и семејните радости. Беше посветен сопруг, во складен брак со Мира Котева, позната вредна, сочувствителна заболекарка од Гевгелија, со која изгради угледно домаќинство, станувајќи родители на две сакани деца.

Неговите потомци знаат да кажат дека татко им Костадин беше правичен и строг, и во таа двојност на родителска љубов и одговорност ги научил на основните човекови вредности: чесност, правичност, истрајност, исполнителност …..

Костадин Котев со своето семејство, сопругата Мира, ќерката Елица и синот Ристо

Што да се каже повеќе. Ако сеќавањата издржале 95 години значи вределе!

Почивај во мир!

Мира и Костадин Котеви
ShareTweetShareSend
Previous Post

Изгаснат e пожарот во Мрзенско поле, Гевгелија

Next Post

Стартува Меѓународниот шаховски турнир „АУРОРА 2026“ Гевгелија

Next Post
Стартува Меѓународниот шаховски турнир „АУРОРА 2026“ Гевгелија

Стартува Меѓународниот шаховски турнир „АУРОРА 2026“ Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Честит 11 Октомври – Денот на Народното востание на Македонија

Честит 11 Октомври – Денот на Народното востание на Македонија

3 години ago
ВИДЕО: Во Гевгелија ЗАВРНА  ГРАД, на Кожуф падна нов снег

ВИДЕО: Во Гевгелија ЗАВРНА ГРАД, на Кожуф падна нов снег

7 месеци ago
Зајков-најдобар голгетер, РК „Партизан“ 4-то пласиран на IHT во Бугарија

Зајков-најдобар голгетер, РК „Партизан“ 4-то пласиран на IHT во Бугарија

3 години ago
Приведени 19 лица на фестивал во Дојран, кај нив пронајдена дрога

Приведени 19 лица на фестивал во Дојран, кај нив пронајдена дрога

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Започна 19-от традиционален ултра маратон за ТОШЕ!
  • Презентирана завршница на проектот за адаптација на нова конференциска сала за потребите на Општина Гевгелија
  • Возило „Форд Т“ од 1923 претставено на изложба на олдтајмери, меѓу нив и славното „РЕНО 4“ од Стојаково

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Започна 19-от традиционален ултра маратон за ТОШЕ!

Започна 19-от традиционален ултра маратон за ТОШЕ!

октомври 15, 2026
Презентирана завршница на проектот за адаптација на нова конференциска сала за потребите на Општина Гевгелија

Презентирана завршница на проектот за адаптација на нова конференциска сала за потребите на Општина Гевгелија

октомври 14, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist