петок, 20, ноември 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

ОЈО ГОКК: Истрага за царинска измама со цигари – штета на Буџетот од над 250 милиони денари

ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција вчера донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19 физички и четири правни лица за кои постои основано сомнение дека со однапред договорени и координирани дејствија, учествувале во нелегално внесување и транзит на големи количини цигари

септември 26, 2026
in MАКЕДОНИЈА
ОЈО ГОКК: Истрага за царинска измама со цигари – штета на Буџетот од над 250 милиони денари
0
SHARES
2.7k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Царинската управа донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19 физички и четири правни лица за кои постои основано сомнение дека со однапред договорени и координирани дејствија, учествувале во нелегално внесување и транзит на големи количини цигари, избегнувајќи плаќање царински давачки, даноци и акцизи. Во зависност од преземените дејствија лицата се сомничат дека сториле кривично дело Криумчарење, Царинска измама и Избегнување на плаќање акциза.

Предмет на истрагата се повеќе настани во текот на 2024 година, при кои товарни моторни возила натоварени со цигари биле пропуштани преку граничните премини без соодветна царинска контрола или пак стоката пријавена за транзит низ државата била истоварена на територијата на Северна Македонија, додека возилата празни продолжувале кон излезните гранични премини.

Related posts

Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари

Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари

ноември 20, 2026
Граѓански протест против фемицидот: „Ниту една повеќе!“

Граѓански протест против фемицидот: „Ниту една повеќе!“

ноември 8, 2026

Според досега обезбедените докази, во дејствијата биле вклучени возачи и одговорни лица во правни лица, како и царински и други службени лица.  Дел од осомничените службени лица се сомничат дека овозможувале возилата да поминат без контрола, внесувале невистинити податоци во службените електронски системи, уништувале царинска документација или раздолжување транзитни царински декларации и ослободувале гаранции иако стоката не била ставена на увид на одредишниот царински орган.

Вкупната штета на Буџетот на државата од дејствијата на осомничените се проценува на 250.149.784 денари.

Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека се исполнети законските услови до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор спрема петмина осомничени, за еден осомничен е предложена мерка куќен притвор, додека за останатите лица мерки на претпазливост.

До овој момент петмина осомничени од кои тројца странски државјани се недостапни на органите на прогонот“ – се вели во Соопштението на Основното Јавно Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на Македонија, со седиште во Скопје.

Акција „Филтер 2“, приведени цариници и полицајци

Ова е втора акција на полицијата во оваа недела насочена кон сузбивање на организиран криминал и корупција. Во понеделникот МВР поднесе кривична пријава против осум лица, одземени се над 100.000 евра, 16 плочки (златна боја), цигари и тутун без акзизни маркички, лекови, суплементи и други предмети.

МВР: Сузбиена криминална група за криумчарење стоки и коруптивни кривични дела

 

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Средношколците од Богданци со практична работа го одбележаа денот на фармацијата, гевгелиските средношколци со флаер

Next Post

Подвиг стар половина век – Ице Дојранлиев го преплива Дојранското Езеро

Next Post
Подвиг стар половина век – Ице Дојранлиев го преплива Дојранското Езеро

Подвиг стар половина век - Ице Дојранлиев го преплива Дојранското Езеро

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Обложувалниците и казината ќе се селат на најмалку 500 метри од училиштата

Обложувалниците и казината ќе се селат на најмалку 500 метри од училиштата

3 години ago
Започнува реконструкцијата на регионалниот пат Гевгелија-Богданци

Започнува реконструкцијата на регионалниот пат Гевгелија-Богданци

2 години ago
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

7 месеци ago
На ГП „Богородица“ спречен шверц на златен накит вреден 2.000.000 денари

На ГП „Богородица“ спречен шверц на златен накит вреден 2.000.000 денари

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари
  • Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони
  • Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари

Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари

ноември 20, 2026
Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони

Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони

ноември 19, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist