сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

САМО за еден месец, во септември 2026, освои четири подиуми од кои три Победнички и едно ТРЕТО место на трки во меѓународна конкуренција, има 10 години, а подиуми освојува уште од својата седма година

октомври 2, 2026
in СПОРТ
ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
0
SHARES
98
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Томче има 10 години и тоа што изненадува кај него е спортскиот стремеж, спортските победи, освоените подиуми.
Внимавајте – САМО за еден месец освои четири подиуми од кои три Победнички и едно ТРЕТО место. Четири подиуми во низа, само за 30 дена. Секој викенд трка, секој викенд победа и една бронза. Две трки се во Грција, една во Кичево и една во Скопје, сите трки се во меѓународна конкуренција и од сите нив Томче се врати со три победнички пехари и четири освоени медали.

Да одиме по ред:
– ПРВО МЕСТО на трката во Гуменица, Грција, „детска трка“, освои пехар и медал, (5 септември 2026);
– ПРВО МЕСТО на трка во Катерини Грција, „детска трка“, освои пехар и медал, (13 септември 2026);
– ПРВО МЕСТО на трка во Кичево, 20 септември – освои пехар и медал;
– ТРЕТО место на трка во Скопје, општина Илинден, 27 септември 2026, освои медал.

Related posts

КК „Кожув“ – нова сезона, нов тим, нов стремеж за повисоко место на табелата

КК „Кожув“ – нова сезона, нов тим, нов стремеж за повисоко место на табелата

септември 29, 2026
Четири медали за децата од „Школата за атлетика“ на „ILINDEN LIFE RUN“

Четири медали за децата од „Школата за атлетика“ на „ILINDEN LIFE RUN“

септември 28, 2026
Томче на победнички подиум со пехар – Гуменица, Грција, 2026

Можеме да нагласиме дека на трката во Илинден, Скопје, Томче настапи најпрво на траса од 5 километри заедно со близу 200 сениори, во машка конкуренција и го освои високото 56 место, со резултат 22:37 минути, а има само 10 години, наспроти атлетските „тешкаши“ и докажани ветерани на атлетските патеки. Потоа, требаше да ја трча детската трка од 400 метри. Заморот од трката на 5 км си го направи своето, тој да биде секунда зад носителот на првото место. Така да, да не одбереше учество на сениорската трка од 5 км, сигурно дека во конкуренција со своите врсници ќе беше ПРВ.

Томче, ТРЕТО место, детска трка на 400 метри, Илинден

Но, Томче ужива да трча. Малку му е еден предизвик на ден, една детска трка. Тој сака да им парира и на батковците, и на чичковците, и секогаш му успева барем 100-на на трката да претрка и да ги остави зад себе. На последната трка во Илинден, на 5 км „Ilinden Life Run“ од 181 учесник зад себе остави 125 натпреварувачи повозрасни од него.

Томче на трка на 5 км, мажи сениори, „Илинден лајф ран“ 2026

Томче Петков е член на АМ „7 Ноември“ Гевгелија. Веќе три години тренира во „Школата за атлетика“ под раководство на професорите по спорт Влатко Семенанаков и Тодор Анчев. Ученик е во V-то одделение во ООУ „Кирил и Методиј“ во Стојаково.

Овој сезонски успех е потврда дека ужива во спортот не само како вон школска активност, но и со спортски порив да победи и да освојува подиуми.

Томче со ПОБЕДА на детската трка во Катерини, Грција 2026

Со победнички резултат на тркачките стази Томче за прв пат се претстави на детската трка на 7-мо Ноемвриските трки „November RUN“ во Гевгелија, по повод денот на ослободувањето на Гевгелија. Минатата година на јубилејното 5. издание на уличната улична трка „November Run Gevgelija 2025“, младиот атлетичар Томче Петков (роден 2016 година) оствари голем успех освојувајќи го првото место во својата категорија, со време од 3 min и 40 секунди.

Томче – Победник детска трка 1km, „November Run 2025“

Победничкиот пехар и медал на детската трка во 2024 година на „November RUN“ беа повторно во рацете на Томче, во негова конкуренција, родени 2015-2016 година, со победничко време од 3 минути и 55 секунди.

Томче-Победник „November Run 2024“
ПРВО место – „November Run 2024“

Подемот на Томче започнува по 2023 година: На изданието на „Новембер Ран“ во 2023 година, тогаш како 7 годишник, тој постигна извонреден резултат завршувајќи веднаш зад значително постариот победник (12 години) на детската трка.

Томче продолжува да настапува за матичниот клуб АК „7 Ноември“ Гевгелија, со кој редовно освојува медали и подиуми на трки низ Македонија, Србија и Грција.

ПЕХАР, медал и Диплома за Победата во Кичево, 2026

Секоја чест за малиот рекордер со брзи нозе и големо срце.

На ПОБЕДНИЧКИОТ Пиедестал – Томче од Гевгелија, Кичево 2026

Негов идол е Дарио Ивановски, Олимпијскиот претставник на Македонија на ЛОИ во Париз 2024 година, маратонец и стипендист на МОК, кој редовно настапува на уличните трки во Гевгелија. Па, ако може Карлос Алкарас да го има за идол Новак Ѓоковиќ и да успее да се натпреварува со него и да го победи на теренот, не е чудо и ова дете од југот да стане наш иден Олимпиец. Секако, го очекува многу учење, тренинзи, настапи и упорност.

Томче и Дарио Ивановски

Напред Томче, трчај, победувај и стреми се за нови успеси!

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Викторија од Данска е крунисана „Мис Универзум 2024“

ВИДЕО: Викторија од Данска е крунисана „Мис Универзум 2024“

2 години ago
ВИДЕО: Пожарот кај Негорци ставен под целосна контрола

ВИДЕО: Пожарот кај Негорци ставен под целосна контрола

2 години ago
ВИДЕО:  Уловен сом капиталец од 42 kg во водите на Вардар

ВИДЕО: Уловен сом капиталец од 42 kg во водите на Вардар

7 месеци ago
Две наставнички од Гевгелија на 8-та Меѓународна наставничка Конференција во Охрид

Две наставнички од Гевгелија на 8-та Меѓународна наставничка Конференција во Охрид

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец
  • Во Македонија 54% од населението се пушачи

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026
ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist