Ансамблот на народни песни и игри од Гевгелија „Бојмија“ со својата долгогодишна работа успева да биде препознаен како репрезент на традиционалните фолклорни вредности од Македонија и викендов оствари гостувње на ТВ „Сител“ во рамките на емисијата „Качамак“.
„Качамак“ е викенд забавна програма на „Сител“ телевизија која е со национална концесија, така што нашите играорци, музички и уметнички изведувачи ги виде пошироката македонска јавност.
На сцената од големото студио во пладневен термин од екраните се претставија комлетниот прв ансамбл и дел од вториот ансамбл „Бојмија“.
Многу енергија, музика, ора и песни презентираа гевгеличани за домашната публика. Со негување на народните традиции и мелос и од новите генерации, преку работа во КУД, Ансамбли се зачувуваат традициите и се создаваат „Вредности кои траат“.
Еве ги гевгелиските играорци на аматерска снимка од гостувањето во емисијата „Качамак“. Се разбира и аплаузите од присутните во студиото. Ние им аплаудираме за сиот изминат труд до сега.
Еве уште фото спомени од забележителното гостувње на гевгелиските фолкористи од „Бојмија“.
Фото: Фејсбук