Годинава туристичкото место Дојран ја започна туристичката сезона без обезбедена здравствена заштита на туристите, летувалците, посетителите.
Иако постои амбуланта веќе 45 години, како и специјално опремено амбулантно возило за итни медицински интервенции, истата нема медицински тим кој ќе ги обавува здравствените услуги. Здравствено и професионално надлежен по ова прашање е Општа Болница Гевгелија со проширеа дејност која нуди услуги и за подраќјето на општина Дојран. Но, од таму ги вршат само услугите за граѓаните, жители на општина Дојран, а не и за гости, летувалци.
Претседателот на Советот на општина Дојран Ратко Ајцев, вели дека поради потребата од обезбедување здравствени услуги на посетителите и туристите во Дојран се обратиле како Општина до Здравен Дом Валандово од каде добиле потврден одговор и се очекува наскоро да започне со работа амбулантата во Стар Дојран.
Без доктор, без медицинска сестра, без медицински персонал стои празна амбулантата веќе втора година, но и во ковид кризата кога и туризмот не беше така актуелен. Само амбулантното возило паркирано во дворот на амбулантата упатува дека овде имало организирана здравствена дејност некогаш.
Во текот на летната туристичка сезона посетеноста на Дојран е голема, а со тоа и потребата од здравствени интервенции за непријатностите кои ги носи летото, сончаници, дехидрираност, вртоглавици, стомачни вируси од топлото време, мозочни удари, па и ректки случаи на потреба од итна интервенција кај давеник, и за сето тоа гостите немаат каде да се обратат.
На социјалните мрежи се појави АПЕЛ од дојранчани кои директно, или индиректно живеат (приходуваат) од туризмот да го кренат својот глас за да се отвори амбулантата во Дојран. Реакцијата на Претседателот на Советот ан општина Дојран беше брза. Очекуваме брза екипираност на тимот лекари и медицински сестри кои ќе започнат сменска работа во амбулантата во Стар Дојран лоцирана во центарот на туристичката населба, карши пазариштето, пристапна за секој намерник на кого му е потребна и брза здравствена интервенција.
На 11 јуни 2021 година лично тогашниот министер за здравство Венко Филипче донираше амбулантно возило за општина Дојран. Таа година функционираше и амбулантата и итните интервенции со медицински тим кои во неколку нврати спасија човечки животи.