Границата со Грција и понатаму мета на мигрантите за нелегален премин во нашата земја и од кон земјите од Европската Унија.
Освен нелегални превозници, новите акции на полициските службеници од ПС за граничен надзор во ГП Стар Дојран и Богородица укажуваат на организирана помош на самите илегални мигранти, како да ја знаат границата и спроведуваат други мигранти.
Сепак со активности на ПС за граничен надзор нелегалното патешествие им е спречено на 26 мигранти и двајца нвни помошници кои завршиле во затвор.
На 06.08.2023 во Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода И.Х.(22) од Египет. Околу 07:30 часот тој бил затекнат со група од 25 лица мигранти (меѓу кои пет малолетници), сите од Сирија, и по преземени мерки било утврдено дека тој ги организирал и им помогнал илегално пеш да ја поминат државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија.
Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а И.Х. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден, неделен, уапсен е уште еден криумчар на мигранти но на преминот „Богорпдица“.
На 06.08.2023 полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Б.А.(27) од с.Рашче, скопско. Во 21:15 часот тој бил затекнат со А.А.(18), мигрант од Сирија, при илегално преминување на државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија.
Мигрантот бил сместен во прифатно – транзитен центар, а Б.А. бил задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.