Македонската пејачка позната како Зарина Првасевда со мерак песна македонска ечи од висините на Шара.
Евгенија Здравевска, или во јавноста позната како Зарина Првасевда, стана препознатлива по нејзините мини-настапи низ планинските врвови. Пејачка со исконски глас и чувар на природата и на музичката традиција!
Еве ја на врвовите на Шара со преубавата македонска песна „Распукала шар планина“. Пее со срце полно љубов. А за слушателите дилемата: „Кој повеќе жали: мајката, сестрата, или сопругата“?
Видеото е доказ дека за мераклиска песна македонска потребно е само грло и слободна душа мераклиска.