Вчера попладне се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице се здоби со тешки телесни повреди.
Во сообраќајката учествувале само едно возило и еден возач, кој сам излетал од патот.
Во полицискиот извештај стои наведено дека:
На 04.01.2024 во 13:20 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот Градско – Неготино, кај место викано „Црвени Брегови“, патничко возило „Рено Меган“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.А.(37) од с.Миравци, гевгелиско, излетало од коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци.
На местото на несреќата извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.