На трет ден Божиќ, кога се чествува и споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св. Атанасиј“ во село Негорци.
Тиретиот ден Божиќ е исто така значаен бидејќи се празнува голем светец, Св.Стефан, кој важи за заштитник на болните, сиромашните и старите.
Верниците од Негорци го посетија црковниот храм и ја проследија Свечената Божествена литургија, а голем број и млади и стари се причестија.
– „Господ Исус Христос нека им биде верен сопатник на сите оние што минуваат низ тешкиот лавиринт на животните искушенија. На сите оние што страдаат и боледуваат нека им помогне нашата заедничка молитва. Овој празник нека им биде одмор од секоја неволја. Нека ни биде почеток на радоста што никогаш не престанува. Нека ја подигне Господ Својата света десница и нека го благослови македонскиот народ, нека ги крепи и заштитува Република Македонија и нашата духовна мајка – Македонската православна црква – Охридска архиепископија“ , беше пораката на Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
Христос се роди!
Нека празничните Божиќни денови донесат здравје, бериќет и среќа на сите!