Македонија има Математички ШАМПИОН – Победник на Интернационалниот математички натпревар „Математика без граници“ во категоријата алгебра „Лудвико Ферари“, тоа е Коста Попристовски од Богданци.
Македонија се гордееше со неговиот успех кој го постигна во конкуренција од натпреварувачи на 42 земји од светот и дозна дека освен математичкиот гениј Македон од Тетово, на југот во Богданци живее, учи, се натпреварува и победува и 13 годишниот ученик од ООУ „Петар Мусев“ Богданци, Коста Пoпpистовски.
За ваквиот успех, за ваквата гордост, за ваквата промоција на Богданци, денеска прием кај Градоначалникот на општината оствари најновиот математички интернационален Шампионот, Коста.

– „Како знак на почит и благодарност за неговите достигнувања, му врачив симболичен подарок, со желба ова да биде само уште еден чекор кон нови успеси.
Средбата ја заокруживме со пријателска партија шах, која заврши нерешено – реми, уште една потврда за неговото стратешко размислување“ – изјави за оваа прилика градоначалникот Блаже Шапов.


Шапов му честиташе на ШАМПИОНОТ посакувајќи му да продолжи да ја претставува Општина Богданци и Македонија со истата посветеност и успех. Горди сме на тебе и секогаш ќе ја имаш нашата поддршка, порача Градоначалникот Шапов.
Оваа математичка Интернационална титула – ПРВАК на „Математика без граници“ во категоријата алгебра „Лудвико Ферари“ – Коста ја освои на меѓународен натпревар одржан во Несебар, Бугарија на 6 јули. Инаку тој е и ДРЖАВЕН ПРВАК на натпревар во комбинација „математика и шах“, а на Меѓународен јуниорски натпревар во шах одржан во Прилеп годинава го освои ТРЕТОТО место.
Прочитајте повеќе за Коста, математичкиот и шаховски првак од Југот, за кој нашиот портал GevgelijaNET објави прв пред јавноста за неговото големо интернационално достигнување (објава што следува подолу).
Коста Попристовски од Богданци ПРВАК на ИН „Ludoviko Ferari“



















