Денеска, на првиот ден од Новата 2023 година Гевгелија го доби најновиот жител – малиот Антонио.
Се роди во 13:20 часот во Одделението за Гинекологија и акушерство при Општа Болница Гевгелија. Новороденчето е здраво и напредно со родилна тежина од 3.100 грама и 50 сантиметри должина.
Среќната мајка е 19 годишната Виолета Делева од Моин на која ова и е прва рожба.
Породувањето беше изведено од стручен тим: д-р гинеколог Петранка Никова, д-р гинеколог Марија Накова и акушерката Марија Шутарова, со царски зафат.
Веќе три часа бебенцето и среќната мајка се во прегратки заедно во Одделението Гинекологија и акушерство каде целиот тим задоволно посакува Среќна и многуродилна да е Новата 2023 година.
Така е гевгеличани, традицијата вели годината машки ќе ја изодиме, а убавините сами ќе ги создаваме.
Честитки од GevgelijaNET до среќната мајка, среќните родители и до тимот од Општа Болница Гевгелија за здравиот пород во првиот ден од годината
Добредојде на новиот жител на општина Гевгелија!