Од неделата вечерта до денеска изутрина заклучно до 07 часот влажниот бран кој ја зафати Македонија во Гевгелија донесе дожд со наврнати 39 литри воден талог на еден метар квадратен. Најмногу водена маса падна во последните 24 часа од извештајот, од 07 часот во понеделникот, до денеска 07 часот во вторникот, со наврнати 33 л/м2.
Врнежите во државата започнаа најпрво во Гевгелија, исто така и грмотевиците, па се најавуваше пороен дожд со засилен ветер. Сепак, влажниот бран продолжи да се движи на запад, долж јужната граница на државата, па најголеми врнежи се регистрирани во Битола со наврнати 43 л/1м2.
Врнежи имаше и во Дојран со наврнати 9 л/1м2, како и во Струмица 7 л/1м2.
Свежиот бран донесе и снег на повисоките места: 11 cm во Лазарополе, 9 cm во Попова Шапка и 4 cm Крушево.
Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека врнежите ќе престанат до крајот на денот.
За утре се најавува променливо облачно време, попладне со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Mаксимална дневна температура во Гевгелија ќе биде до 15 степени.