Шестмина млади тенисери придружувани од тренери на Македонската тениска репрезентација се на двонеделен тренинг камп што се одржува во Анталија, Турција преку Интернационалната тениска Федерација на Европа.
Кампот е во организација на „Tennis Europe“. На истиот македонските тениски сили ги претставуваат: Андреј Темов и Деа Крстевска (до 12 години), Александар Грујиќ од Гевгелија, Марко Алексовски, Сара Митевска и Анастасија Арсовска (до 14 години). Со нив како дел од репрезентацијата се и тренерите Круно Деспотовски и Тања Стојановска. Ова ќе биде убава можност за заедничка работа на младите тенисери, особено важно за подобра подготовка за претсојната сезона и предизвиците кои ги очекуваат на турнирските настапи.
Во склоп на подготовките на кампот беше одржана и работилница од страна на јуниорскиот комитет со родителите на младите тенисери за презентирање на годишната програма на активности за македонските млади тенисери.
Домаќинот од Турската тениска федерација по 13-ти последователен пат, од одржувањето на овој престижен натпревар ги пречека учесниците од 10 нации од „Тиер 1“ на отворањетово понеделникот 4 март, вклучувајќи ги Албанија, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Молдавија и Турција.
Примарната цел на турнирот е да се обезбеди меѓународно искуство во Јуниорската турнеја на играчите од помалку развиените нации во тенис, со сите трошоци покриени од ИТФ и Тенис Европа.
Придружувани од нивните национални тренери, овие талентирани спортисти ќе се вклучат во два турнири од 2-те категории. Дополнително, тие ќе имаат можност да присуствуваат на час во „Junior School“ закажан за крајот на првата недела. Врз основа на нивните перформанси, истакнатите играчи може да добијат покана да се приклучат на ITF/Tennis Europe 14 & Under Touring тимот во текот на претстојните летни месеци.
Ќе потсетиме дека кампот на „Tennis Europe“ ги вивна во светот на тенисот шампионите: Симона Халеп, Викторија Азаренка и Григор Димитров, од кои секој максимално ги искористи своите покани на турнирот за да забележи некои од своите најрани меѓународни успеси.
Им посакуваме успех на македонските тенисери и на нашиот гевгелиски ас Александар Грујиќ.