Стефан Купанов кларинетист и саксофонист од Гевгелија изминатиов викенд имаше тридневен спектакуларен концерт како музичар заедно со балканската ѕвезда Весна Змијанац во Белградската Арена.
Овде свои изведби и солажи во склоп на незаборавните хитови на Весна Змијанац имаше нашиот музички талент од Гевгелија. Концертот беше по повод 50 години музичка кариера на Весна и претставуваше музички албум на оваа фолк дива, а за распалување на сцената освен гласот на Змијанац беа и продорните звуци од саксафонот и кларинетот на Стефан.
View this post on Instagram
Стефан се заблагодари за соработката со Весна Змијанац:
– „Весна Змијанац, кралица на фолк музиката, 50 години Кариера! Голема благодарност до шефот на оркестарот Милош Александар Росиќ за врвната професионалност“.

Стефан Купанов е млад музичар во подем од Гевгелија кој веќе неколку години активно настапува на свирки, свадби и музички настани низ Србија и Македонија. Со својот талент, енергија и професионалност успеа да стане дел и од настапи со големи музички имиња од балканската естрада.
Пред неколку месеци настапуваше заедно со Ана Бекута, а деновиве беше дел и од тридневниот концертен спектакл на Весна Змијанац во Белградска Арена, што претставува голем успех и значаен момент во неговата музичка кариера.

Купанов е музички талент кој образовно се изградил во Државното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ во Штип, а академското ниво го продолжил на Универзитетот „Гоце Делчев“ на Факултетот за музички уметности во Штип. Свири кларинет, саксафон, а за ќеф знае и гајда и други изненадувања.
Му посакаме уште ѕвездени моменти на музичките сцени!






















