Вечерва во Виена се одржа јубилејното 70-то издание на Изборот на песна на Евровизија, а победник е претставничката на Бугарија, Дара, со песната Bangaranga.
Поп-ѕвездата Дара испиша историја за својата земја со освојувањето на евровизискиот трофеј. Ова е прва победа за Бугарија во историјата на ова натпреварување, со што земјата го доби правото да биде домаќин на Евровизија следната година.
Бугарија освои вкупно 516 поени, од националните жири комисии беа на прво место со 204 поени, а публиката ја потврди убедливата победа со уште 312 поени. На второто место заврши Израел, со вкупно 343 поени.
View this post on Instagram
Вака изгледаше листата со гласови од националните жири комисии:
View this post on Instagram
Гласовите од публиката го одлучија победникот и новиот Евровизиски хит за 2026 „Банга ранга“ на претставничката на Бугарија.
View this post on Instagram
Слушнете ја победничката песна која што Дара ја изведе веднаш по прогласувањето на победата и го прими Евровизискиот пехар:
Годинашното издание на Евровизија се одржа во арената „Винер Штатхале“ во Виена, откако Австрија минатата година победи со песната „Вејстед лав“. Годинава се пееше на 13 јазици, а повеќето земји направија и спој во песните од мајчиниот јазик со англискиот.



















