Шверцерите на македонско-грчката граница ги забележала полиција па ги фрлиле штеките цигари кои планирале да ги прокриумчарат и внесат во државата без платена царина за акцизна стока.
Во полицискиот извештај е наведено дека:
– „Денеска (10.03.2024) во 04.00 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор „Богородица“ на место викано „Вршник Бара“ забележале две лица на меѓуграничниот простор кои носеле торба и неколку кеси и ги оставиле по што го напуштиле местото на настанот.
Полициските службеници пронашле 238 штеки цигари, тутун и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – се вели во извештајот на МВР.
Само штеките имаат пазарна вредност од над 6.000 евра, а со тутунот и другите ненаведени работи, ова бил сериозен криминален престап на лицата по кои се трага.