Деветнаесет годишното момче од Гевгелија, љубител на музиката настапи на големата сцена од музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Со песна на Дино Мерлин „Да је туга снег“ и на Ристо Самарџиев- „Таму кај што си“ тој одвои 5 гласови од жирито од можните 6. Првиот глас за него го даде Ана Бекута уште со изведувањето на првата песна.
Доби многу комплименти, ја бираше Цеца Ражњатовиќ за свој ментор, но ја доби Ана Бекута, славната гостинка изведувачка на „Фолк Фест“ во Валандово, Македонија и победничка со песната „Стариот џумбушлија“ на фестивлот во 1991 година..
За себе вели дека мора да успее во музиката. Освен настапот на талент шоуто деновиве престојува во Белград каде ја снима својата прва песна чиј автор е самиот Мартин.
Да му посакаме успех на младиот гевгеличанец кој одбрал со музиката да ги освојува сцените кај нас и во соседството.
Мартин вчера на социјалните мрежи се пофали дека веќе работи на својот настап на вториот круг од „Ѕвездите на Гранд“ заедно со својата менторка Ана Бекута.
Среќно!