Видео порака до јавноста на кандидатката за пратеник од ИЕ-4 на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во која таа вели:
– „Како Ваша сограѓанка, кандидат за пратеник во Собранието на Македонија должна сум да Ве потсетам дека патоказ водилка во мојата работа и заложбите ќе биде подобра иднина за сите граѓани, за нашите деца, за младите, за работниците, за пензионерите.
Тој пат можно е да се оствари ако изберете вистински луѓе со чисти намери кои ќе ја водат државата, ќе го претставуваат Вашиот глас во Македонското Собрание и ќе носат одлуки за доброто на сите граѓани.
Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард.
Јас не се откажувам од иднината заради Вас! Немојте ниту Вие!
Гласајте на 8 мај за иднината на Македонија и на сите нејзини граѓани!“ – вели Стефановска во своето обраќање.