Хуманитарна иновација на гевгелиската „Пиљара кај кецот“ во пресрет на празниците насловена како „Закачалка на добрината“
Донаторската акција се спроведува под мотото „Ако имаш ДОНЕСИ, ако немаш ПОНЕСИ“.
Навистина, на влезот на пиљарата се поставени три реда закачалки и закачени се ќеси со прехранбени производи. Секој што се чувствува финансиски загрозен, немашен и има потреба од храна може да се послужи од закачените ќеси на „закачалката на добрината“.
Со искрена посвета од креаторот на ова хуманитарна акција „Пиљара кај кецот“:
– „Да ги направиме празниците убави за сите!“