Утринава во 8:40 часот на автопатот А1, кај тунелот Т1, на делницата Гевгелија – Неготино, се случи сообраќајна несреќа со смртни последици. Почината е 47-годишната Т.П.П. од Неготино, која управувала со возилото кое излетало од патот – за „Фокус” потврди Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Според првичните информации, 47-годишната жена управувала со патничко возило „Фолксваген”, изгубила контрола и излетала од патот.
Сообраќајот на патот Гевгелија – Неготино е во прекин и во тек е увид.