Поголем проток на патници и соработка за сузбивање на меѓуграничниот криминал беше сижето на заедничката средба која ја реализираа вработените од граничната полиција и царинските работници од Граничниот премин „Дојран“ и нивните колеги од ГП „Дојрани“ Република Грција.
Средбата се реализираше на територија на РС Македонија во просториите на Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран, вчера, 26 јули, во периодот од 12.00 часот до 14.30 часот.
На средбата присуствуваа началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ, помошник командирот на Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран и раководителот на Царинска испостава Дојран, од македонска страна, и директорот на полицискиот регион Килкис, командирот на Гранични проверки, одговорниот на смена на граничниот премин Дојрани и одговорниот службеник на грчката Царина.
Притоа беше разговарано за тековната туристичка сезона и овозможување побрз проток на патници и возила. Воедно, беа разменети искуства од конкретни настани и случаи на двата гранични премини, при што беа донесени заклучоци за интензивирање на соработката за спречување на прекуграничен криминал.
Соработката ќе продолжи и понатаму да се одвива на највисоко ниво, со цел размена на информации за поголема ефикасност и успешност во работењето, велат од МВР.