Малиот фудбалски талент од Гевгелија, 8 годишниот Јован Насев секоја недела настапува за грчкиот детски фудбалски тим АЕП „Академија ПАОК“ во Грција и секоја недела освојува трофеи.
Оваа натпреварувачка недела, поточно вчера, тој успеа да реализира 5 голови во противничката мрежа (најмногу како поединец од тимот) заради што беше прогласен за најдобар играч и најдобар стрелец на фудбалското првенство за пионери во Грција.
На есенскиот дел од првенството вчера се играше дуел помеѓу двете најдобри фудбалски академии во реонот на Солун, тоа се „Академија Александрос“ од Килкис и АЕП „Академија ПАОК“ од Солун.
Натпреварот заврши со резултат 6 : 9 за АЕП „Академија ПАОК“ каде настапува малиот Јован Насев.
Јован постигна 5 голови и имаше две асистенции кои завршија со гол, со што беше прогласен за МВП на натпреварот.
Погледнете го првиот сигурен шут и постигнат гол од Јован.
Следуваат вториот и третиот прецизен шут и уште два гола од Јован:
Ова е 10ти трофеј за малиот фудбалер, што е раритет, бидејќи Јован е за 2-3 години помал од своите соиграчи во тимот, кои се од генерација U-11, родени 2014-2015 година.
Ваквата игра која што Јован ја реализира на теренот, веќе од март годинава и ниже трофеи еден по друг, вчера ги привлече скаутите на ФК „АРИС“. Претседателот на клубот кој исто беше присутен на натпреварот и ги гледаше бравурозите на Јован оцени дека „детево е феномен за негови години“. Тие упатија понуда до Јован ако сака да настапува за „Арис“ дека во секое време вратите му се отворени.
Ова е трета понуда за настап во други клубови кои остануваат презадоволни од играта на Јован и би сакале да го имат овој мал талент во својот клубски подмладок.

Јован ученик во трето одделение во Гевгелија, вредно учи, го сака училиштето и другарите, не размислува за трансфер, сака само да игра фудбал, да победува и да се радува со другарите на заедничките победи.
Ѕвездата (фудбалска) е родена! Да му посакаме да расте успешно и да напредува!




















