Песна испеана на Фолк Фест „Валандово“, а инспирирана од осветувањето соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, кое е изведено на денешен ден 12 август 1990 г., односно пред 33 години
Архиепископскиот соборен храм во Скопје, „Свети Климент Охридски“, веќе 33 години е историски симбол на македонската црковна и државна самостојност. Неговата градба почнува пет години по прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, а е осветен една година пред прогласувањето на македонската независност. Храмот посветен на патронот на МПЦ, Свети Климент, е своевидно архитектонско здание за тоа време, уникатна градба, која станува симбол на македонската црковна и државна самостојност.
Осветувањето на храмот е извршено по повод 1.150-годишнината од раѓањето на патронот свети Климент Охридски, на 12 август 1990 година, во времето на архиепископот охридски и македонски г.г. Гаврил.
По тој повод околу 9 месеци подоцна односно во Мај 1991 на фестивалот Валандово е отпеана една од најубавите новосоздадени македонски песни со наслов „Запејте сите ангели“ изведена од легенданиот Гоце Николовски, а е посветена токму на овој соборен храм.
По повод 33 годишнината од овој значаен настан се потсетуваме на оваа антологиска песна и настапот на Гоце Николовски на Валандовската сцена кеде за прв пат е изведена. УЖИВАЈТЕ!