Што се’ е роба за нелегален меѓународен трансфер за криумчарите? По се’ изгледа се’ што може нелегално да продаде, па дури и казино картички без докумантација.
Ова го покажува последниот случај на приведен криумчар детектиран од полициските службеници на МВР и БЈБ.
Во петокот, на 29.09.2023 година, во 04:30 часот на автопатот Куманово – Скопје, во близина на с.Романовце, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Биро за јавна безбедност го лишиле од слобода Ф.Т.(56) од Република Турција, со живеалиште во Скопје.
При контрола во автобус „Mерцедес“ со турски национални ознаки, кој го управувал, биле пронајдени и одземени 81 кутија таблети „Kсарелто“, повеќе штеки цигари, медицинско помагало, повеќе комплети брендирана спортска облека и 10.000 казино картички за кои не поседувал документација.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: МВР