Второто место за Бејби Лазања на Евросонг, Хрватска го смета за историско, па градот Загреб денеска објави дека за музучарот и неговиот тим кои денеска се враќаат дома ќе биде организиран дочек на плоштадот во центарот на главниот град.
– „Ги покануваме сите граѓани и љубители на музиката да го поздрават и пречекаат нашиот Марко на главниот градски плоштад, каде од 13:00 часот ќе биде организирана специјална програма за добредојде, а до доаѓањето на Бејби Лазања, диџејот Марио Ковач и поранешните хрватски претставници на Натпреварот за песна на Евровизија, Лет 3, ќе ја забавува публиката Татјана Матејаш Тајчи во придружба на Анте Гела и бендот и лидерот на програмата Миљенко Цвитковиќ – Миња“.
Бејби Лазања заврши второпласиран во синоќешното финале на Евросонг, зад Шавјацарскиот претставник. Швајцарскиот претставник Немо со песната „The Code“ освои 591 поен. Победникот беше решен врз основа на гласовите на стручното жири и гласовите на публиката во сооднос 50:50. Хрватска заврши со 547 бодови. Третото место го зазеде Украина со 453 поени.
Швајцарија доби највисока оценка 12 од 22 земји кои гласаа со свои стручни жирија, а Хрватска имаше само две 12-ки од Кипар и Србија, но најмногу поени од телевотингот, 337 гласа од публиката, најмногу од било кој претставник на Евровизија, па во еден момент Хрватска изби на Првото место на таблата со гласови. Тоа беше момент на исчекување.
Потоа беа прочитани гласовите од телевоутингот за Швајцарија, вкупно 226 кои беа доволно за да ја престигне. Хрватска и стане победник на годинашниот Евросонг.
Тоа го виде целата евровозиска публика. Затоа, заради публиката, нејзините најбројни гласови, а таа е милионска публика од 150-на земји од светот, Хрватска е моралниот победник на годинашниот Евросонг, победник на публиката, со песната „Rim Tim Tagi Dim“.