сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Гевгелиски атлетичари учествуваа на трката „Патот на Апостол Павле“ во Грција

Гевгелиската атлетска сила ја сочинуваа: Дарко Прошев, Борче Узунов, Никола Нанчев, Никола Ковачев и Драган Ристов

јуни 23, 2024
in СПОРТ
Гевгелиски атлетичари учествуваа на трката „Патот на Апостол Павле“ во Грција
0
SHARES
155
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Црквата „Апостол Павле“ во градот Катерини во Грција по осми пат и оваа година го организираше спортскиот настан – трка „Патот на Апостол Павле“, траса долга 10 километри.
Се трчаше во прекрасна природа, низ расцветани патишта со леандри, а сите жители на двете села низ кои минува тркачката траса, од најмладите до највозрасните, ги бодреа учесниците.

Драган Ристов – АК „7 Ноември“ Гевгелија

Организатор на настанот е Црквата во Катерини и Атлетскиот клуб „Зевс“ од Катерини.

Related posts

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026
КК „Кожув“ – нова сезона, нов тим, нов стремеж за повисоко место на табелата

КК „Кожув“ – нова сезона, нов тим, нов стремеж за повисоко место на табелата

септември 29, 2026

Гевгелискиот атлетски клуб „7 Ноември“ учествуваше на спортскиот настан со 5 претставника и сите успешно ја завршија трката. Немавме претставник на подиумот, но затоа имаше спортски дух, пријателства, насмевки. Нашите атлетичари ги поздрави и пречека Митрополитот во Катерини.

Гевгелиската атлетска дружина ја сочинуваа: Дарко Прошев, Борче Узунов, Никола Нанчев, Никола Ковачев и Драган Ристов.

Гевгелиските атлетичари пречекани од Митрополитот во Катерини, Грција

За спортскиот пиетет на нашите гевгелиски атлетичари и учеството на трката ќе додадеме за важноста на апостол Павле за Македонија:
Апостол Павле по прифаќањето на христијанството станал првиот проповедник на новото месијанско учење при своите мисионерски патувања.
Своето прво патување надвор од Азија, апостол Павле го направил во Македонија. Тоа започнало во 51 година, а завршило во 54 година, при што во текот на тие години тој посетил и некои грчки градови, каде што, исто така, биле основани христијански црковни општини за што сведочат и „Делата на светите апостоли“. Мисијата му била насочена кон христијанизацијата на народот на овие простори.
Апостол Павле, чиј спомен го чествува Македонската Православна Црква е една од најзначајните личности за христијанизацијата на Македонија, а потоа и на целиот овој регион, а подоцна и на Европа.

Честитки за спортскиот настап на гевгелиските атлетичари и претставувањето на спортска Гевгелија и на ова топло време на тркачките патеки во соседна Грција!

Дарко, Борче, Никола Н., Никола К. и Драган пред настапот на трката во друштво со спортисти од АК „Зевс“ од Катерини

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

„Мобилност“ Гевгелија освои 5 медали на Републички спортски игри одржани во Охрид

Next Post

ВИДЕО: Големо невреме во Скопје – паднал дел ограда и рекламно пано врз возила во движење

Next Post
ВИДЕО: Големо невреме во Скопје – паднал дел ограда и рекламно пано врз возила во движење

ВИДЕО: Големо невреме во Скопје - паднал дел ограда и рекламно пано врз возила во движење

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Футсал репрезентацијата на Македонија ги „сомле“ Бугарија и Турција на квалификациите за СП

Футсал репрезентацијата на Македонија ги „сомле“ Бугарија и Турција на квалификациите за СП

6 месеци ago
Акција „Безбедно лето“ спроведена на Дојранско езеро

Акција „Безбедно лето“ спроведена на Дојранско езеро

3 години ago
Превртено возило на патот Валандово-Дојран

Превртено возило на патот Валандово-Дојран

11 месеци ago
Швајцарија со песната „Код“ победи на Песна на Евровизија 2024

Швајцарија со песната „Код“ победи на Песна на Евровизија 2024

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Македонска песна во Воден, Егејска Македонија
  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Македонска песна во Воден, Егејска Македонија

ВИДЕО: Македонска песна во Воден, Егејска Македонија

октомври 2, 2026
ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist