Вчера утрото на новоотворената сообраќајница „Милци“ која се приклучува на автопатот А1 во близина на ГП „Богородица“ се случи тешка сообраќајна несреќа. Тешко е повредено младо момче од Гевгелија.
Во Полицискиот извештај стои наведено дека :
Во Полициската станица Гевгелија било пријавено на 15.07.2024 во 06:45 часот дека на автопатот А1, кај место викано „Милци“, гевгелиско, Д.Т.(19) од Гевгелија, управувајќи патничко возило „Мазда“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.