сабота, 5, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

КУД „Негорци“ со успешна фолклорна турнеја во Италија на 22-ИФФ „Каприноне“

КУД „Негорци“ - единствен претставник од Македонија на ИФФ во Италија, одржа пет концерти, воодушеви 10.000-на ублика, трештеа тапаните и македонските ора

август 14, 2024
in ФОКУС
КУД „Негорци“ со успешна фолклорна турнеја во Италија на 22-ИФФ „Каприноне“
0
SHARES
781
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Успешна фолклорна и културна турнеја на нашите играорци од гевгелиско Негорци во Италија на Интернационален фолклорен фестивал „Карпиноне“ што се одржуваа 22-ра година по ред во градот Молизе.

  • “Со самата покана која ненадејно стигна до нас си зедовме за цел да ја претставиме нашата Македонија во најдобро светло преку македонски песни и ора”- велат играорците на КУД”Негорци” од Негорци, кои се на еднонеделна фолклорна турнеја со настапи и ора низ Италија.
    Тие беа поканети да учествуваат на 22 Меѓународен фолклорен фестивал „Карпиноне“ (Исернија) што се одржува во градот Молизе во Италија.

Со нивниот седум дневен престој во Италија фолклористите од КУД „Негорци“ имаа вкупно пет (вкупно 5) успешни настапи кои беа посетени од околу 10.000 публика која ги наградуваше со аплаузи и успеаја да ја воодушеват публиката со македонскиот тапан кој ечеше низ улиците во секое место каде што настапуваа.
Се пееа песните „Македонско девојче“ и „Бисер Балкански“ кои се слушаа на парадите низ местата каде што настапуваше КУД „Негорци“.

Related posts

Гевгелија под сончева опсада

Гевгелија под сончева опсада

јули 5, 2025
НИНА ПЕТКОВА – Првенец на генерацијата 2024-2025

НИНА ПЕТКОВА – Првенец на генерацијата 2024-2025

јули 4, 2025

Покрај Македонија, учествуваа и државите: Венецуела, Коста Рика, Индија, Кенија и повеќе групи од Италија. Фестивалот се одржува од 11 до 12 август во местото Молизе. Oрганизатор на фестивалот е „Gruppo Folk Ru Maccature“.

КУД „Негорци“ од гевгелиско Негорци е единствен претставник од Македонија на овој традиционален интернационален фолклорен фестивал во Молизе, Италија.

Претставувањето на играорците и македонската фолклорна култура беше овековечено преку изведбата на ората: „Мариовско“, „Копачка“, игри од Малешевијата, „Копачија“, „Водарки“ и Егејски ора.

Секој настап започнуваше со пеење на химните на сите држави, вклучувајки ја и македонската која нашите играорци гордо ја испочитуваа.

Слободното време го исполнуваа со проби за предстојните настапи во прудружба на оркестар. Го посетија градот Наполи и помали околни места во регионот, а попатно е планирана посета на Рим и Венеција.

Прошетка по Наполи

Домаќините и локалната публика изненадени од ноќните серенади кои ги приредија инструменталистите од КУД „Негорци“ – претставувајќи ги старите обичаи во минатото кога со песна се искажувала симпатијата кон некоја девојка и се барала нејзина потврда со прифаќањето на песната и излегувањето на прозор, или балкон. Ете, таква песнопејна убавина се разлеа низ улиците на градот домаќин, Молизе.

Ѓорги Јованов – уметнички директор, кореограф и главен тапанџија на КУД „Негорци“ ја воодушеви публиката во Италија
И Италијаните знаат што е серенада, па локални жителки одговорија соодветно на песната
Публиката воодушевено ја снимаше изведбата на макдеонската серенада од КУД „Негорци“

Нашите амбасадори на културата од Македонија и македонскиот фолклор, КУД „Негорци“ од Гевгелија добија посебно признание од организаторот на Фестивалот во Италија.

Честитки! Нека Ви се множат наградите, настапите, достигнувањата и желбата со песна и ора да ја плените и културно збогатувате нашата и светска публика!

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Тешка сообраќајна несреќа на патот Богданци-Гевгелија

Next Post

“Влашка софра” за добредојде

Next Post
“Влашка софра” за добредојде

"Влашка софра" за добредојде

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Пет  награди за „Мистик денс“ од Гевгелија на танцов натпревар во Виена

Пет награди за „Мистик денс“ од Гевгелија на танцов натпревар во Виена

1 година ago
Нацистичка секретарка конечно по 81 година добива пресуда за злоделата

Нацистичка секретарка конечно по 81 година добива пресуда за злоделата

3 години ago
Кривичен Суд определи мерка притвор за 10-члената криминална група на дилери

Кривичен Суд определи мерка притвор за 10-члената криминална група на дилери

1 година ago
Латас остана без пасош, а заедно со Лазаров забранети им се и јавни настапи

Латас остана без пасош, а заедно со Лазаров забранети им се и јавни настапи

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро
  • Гевгелија под сончева опсада
  • НИНА ПЕТКОВА – Првенец на генерацијата 2024-2025

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

јули 5, 2025
Гевгелија под сончева опсада

Гевгелија под сончева опсада

јули 5, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist