петок, 14, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Во Гевгелија одбележана 80 годишнината од формирањето на Црвениот Крст на Македонија

ВИДЕО: Под мотото „Ние гледаме луѓе“ синоќа во Гевгелија се одржа свечено одбележување на 80-от јубилеј од формирањето на Црвениот Крст на Македонија, најмасовната хуманитарна организација кај нас, но и најстарата организирана општествена единица после државата, формирана во 1945 година

март 6, 2025
in ФОКУС
Во Гевгелија одбележана 80 годишнината од формирањето на Црвениот Крст на Македонија
0
SHARES
254
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Под мотото „Ние гледаме луѓе“ синоќа во Гевгелија се одржа свечено одбележување на 80-от јубилеј од формирањето на Црвениот Крст на Македонија, најмасовната хуманитарна организација кај нас, но и најстарата организирана општествена единица после државата, формирана во 1945 година.

На свеченоста прсуствуваше генералниот секретар на Црвениот Крст на Македонија, д-р Саит Саити, со што на настанот му се даде највисоко ниво, а се одржа во организација на Општискиот Црвен Крст од Гевгелија. Саити ја нагласи важноста за постоењето на хуманитарната организација која од година во година расте и не само што пружа помош, туку и надеж на луѓето од заедницата со низата нови проекти и алатки за помош на лицата од социјален ризик, лицата со посебни потреби, во несреќи, во секојдневниот живот.

Саити ја спомена важноста на волонтерите кои од почетокот, од основањето на Црвениот Крст се вградија во организацијата и со нивниот труд го создадоа тоа што денеска претставува оваа хуманитарна организација.

На настанот се обрати и секретарот на Црвениот Крст на Гевгелија, Лазар Мешков кој нагласи дека во овие години Општинската организација не се стремела да биде меѓу најдобрите, но луѓето и волонтерите го дале најдоброто од себе, со што ЦК секогаш бил на браникот на хуманоста и солидарноста.

– „Нашата мисија не е само помош, таа е и надеж, и поддршка. Горди сме на минатото што го создававме, активни во сегашноста. Цел ни’ е до 2026 година да нема ниту еден член од семејството кој не слушнал за Црвениот крст, не е крводарител, волонтер, корисник на нашите програми за социјални услуги, или активен помагател на широкото хумано семејство на Црвениот Крст“.

Мешков најави дека годинава ОО на ЦК Гевгелија ќе биде домаќин на Републичкиот натпревар по прва помош, што е голема доверба и организационен предизвик што го добиле од Републичкиот Црвен крст на Македонија.

На настанот беа доделени Златни плакети за поддршка и соработка на општините Гевгелија, Богданци и Дојран, кои се во регионалната надлежност на ОО ЦК Гевгелија, Плакетите им беа врачени на градоначалниците Сарамандов, Шапов и Ајцев од страна на генералнит секретар на Црвениот Крст на Македонија, д-р Саит Саити.

Одбележувањата беа збогатени и со настап на ученици од Општинското музичко училиште „Васа Карајанов“ од Гевгелија и виолинистката Емилија Николовска, која пред три години ја почувствува големината на хуманоста од добрите луѓе, од Црвенот Крст.

https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2025/03/483011764_8770513503054980_6869540463851462864_n.mp4

Честитки за јубилејот на Црвениот Крст, честитки за носителите на активностите на ЦК, на волонтерите и сите оние кои со своите активности и придонеле да расте оваа хуманитарна организација, која е израз на човечноста, на солидарноста и заедништвото.

Related posts

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

август 12, 2026
ShareTweetShareSend
Previous Post

Прв акатист со петтолебие кон Пресвета Богородица

Next Post

ВИДЕО: Масовна тепачка пред Собранието на Град Белград

Next Post
ВИДЕО: Масовна тепачка пред Собранието на Град Белград

ВИДЕО: Масовна тепачка пред Собранието на Град Белград

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Рекорд во преживување: 74 годишен дедо 227 часа бил под урнатините, извлечен на безбедно

Рекорд во преживување: 74 годишен дедо 227 часа бил под урнатините, извлечен на безбедно

3 години ago
Валентина Узунова – ВТОРА на „Chupino winter vertical 2024“

Валентина Узунова – ВТОРА на „Chupino winter vertical 2024“

2 години ago
Гевгелија дождовно освежена

Гевгелија дождовно освежена

7 месеци ago
Кривична пријава за гевгеличанец

Три кривични пријави за жители на Гевгелија

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist