сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Возачот е на домашно лекување, превртената цистерна одстранета од патот Гевгелија-Богданци

Први на интервенција во несреќата беа пожарникарите од ТППЕ Гевгелија кои го извлекоа возачот заглавен во кабината од превртената цистерна, додека истечената нафта почнала да гори. Пожарот е изгаснат со специјална пена за такви видови пожар. Возачот претрпел тешки телесни повреди

септември 26, 2025
in ФОКУС
Возачот е на домашно лекување, превртената цистерна одстранета од патот Гевгелија-Богданци
0
SHARES
1.1k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Министерството за внатрешни работи објави детали за вчерашната сообраќајна несреќа на патот Гевгелија Богданци кога се преврте цистерна, а истечената нафта се запали и настана голем пожар. Во извештајот на МВР стои нотирано дека:

– „На 25.09.2025 во 11:20 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Шарен мост“, товарно возило „Ман“ (цистерна) со полуприколка со винички регистарски ознаки, управувано од Љ.В.(42) од с.Јосифово, валандовско, се превртело на патот, а приколката се запалила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Љ.В., констатирани во Општата болница Гевгелија. Извршен е увид.“

Related posts

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026
Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

септември 30, 2026

Први на терен пристигнале пожарникарите на ТППЕ Гевгелија кои примиле дојава за пожарот во 11:15 часот и се упатиле да интервенираат со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Пожарникарите го извлекоа возачот заглавен во кабината од превртената цистерна, додека истечената нафта од цистерната во каналот од патот почнала да гори. Напоредно веднаш се започнала акција за гаснење на пожарот со пена. Поради споецифичниот и голем пожар кој настана од горењето на нафтата, била повикана помош од нови две противпожарни возила, а на терен напоредно интервенирале 5 пожарникари.

– „За да не ескалира состојбата со нафтата пожарникарите напоредно вршеа посипување на нафтата со земја за да се прекине горењето. Нафтата течеше од цистерната долу низ каналот од патот, па пожарникарите само го прекинаа огнениот пат да не продолжи да се шири“ – изјави Игор Ризов, командир на ТППЕ Гевгелија.

Целата акција траеше заедно со увидот на МВР до 20:45 часот. На лице место дојде и сопственикот на цистерната, фирмата „Дади компани“ од Виница кои со своја опрема ја исшмукаа целата преостаната нафта од цистерната и онаа која беше во каналот крај патот за да се отстрани понатамошна опасност од ново опожарување на местото на несреќата. Сообраќајот беше пуштен во употреба.

За ова време возачот Љ.В.(42) од с.Јосифово, валандовско беше примен во хируршкото одделение во Општа Болница Гевгелија каде му била укажана лекарска помош. Дежурниот лекар констатирал фрактура (скршеница) на клучната коска. Повреденот бил во свесна состојба, но со алкохол во крвта. Истиот е имобилизиран и пратен на домашно лекување, – изјавија од гевгелиската болница.

Денеска, 26 септември од 09:15 до 11:35 часот сообраќајот на патниот правец Гевгелија-Богданци повторно беше во прекин поради кревање на превртената цистерна која фирмата сопственик „Дади Компани“ дојде да ја отстрани од патот, да си го земе своето возило.
Екипи на ТППЕ Гевгелија повторно беа на терен со цел да се интервенира да не дојде до ново опожарување од цистерната која беше крената со механизација и однесена од сопственикот.

Епилог: возачот е безбедно збринет дома, штетата можеби е голема, патот отворен за сообраќај. Се чекаат детали од увидот на ОВР Гевгелија во сообраќајната несреќа, што е причина за истата, дали механиката, или состојбата на возачот.

Први на терен беа од ТППЕ Гевгелија со 1 возило и 3-ца пожарникари и најпрво го спасија возачот
Нафтата истекуваше по каналот и гореше со закана да предизвика поголем пожар
Од оштетената цистерна продолжуваше да тече нафта
Во текот на вчерашниот ден сопственикот на цистерната со своја опрема ја исшмука нафтата од каналот и го ослободи теренот покрај патот од опасноста од ново опожарување
ShareTweetShareSend
Previous Post

Од денеска – казни за пешаци и возачи кои користат мобилен и слушалки

Next Post

Планината е спокој – велат највозрасните планинари од ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија

Next Post
Планината е спокој – велат највозрасните планинари од ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија

Планината е спокој - велат највозрасните планинари од ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Ружа Карајанова – радио глас на Македонија, од југот, од Гевгелија

Ружа Карајанова – радио глас на Македонија, од југот, од Гевгелија

3 години ago
Oдбележани 22 години од убиството на десет бранители кај Карпалак

Oдбележани 22 години од убиството на десет бранители кај Карпалак

3 години ago
Екипата „АВАНГАРД“ – први победници на турирот „Никола Гелебешев“

Екипата „АВАНГАРД“ – први победници на турирот „Никола Гелебешев“

2 години ago
Филипче: Додека оперирам специјализантите најмногу учат со мене

Филипче: Додека оперирам специјализантите најмногу учат со мене

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец
  • Во Македонија 54% од населението се пушачи

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026
ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist