На Државното првенство за млади пионери до 14 години, што се одржа денеска на терените на Арената „Борис Трајковски“ на трката од 800 метри прво место освои АНТОНИО КАРАКАБАКОВ од Стојаково и со тоа стана ДРЖАВЕН ПРВАК НА МАКЕДОНИЈА во пионерска конкуренција.
Антонио истрча врема од 2 минути и 23 секунди и 28 стотинки и со тоа постигна свој личен рекорд. Ова му ја донесе и титулата Државен атлетски првак во пионерска конкуренција.

Антонио има 13 години, значи на патеката претрчал и поголеми пионери од него. Тој е ученик во 8-мо одделение во ООУ „Кирил и Методиј“ во Стојаково, а една година тренира атлетика како член на АК „Аеродром“ од Скопје.
Тренерите и управниот тим на АК „Аеродром“ во него забележале потенцијал за шампионски резултати, после неколкуте трки во Македонија на кои Антониот се искачи на победничкиот подиум. Во ноември 2024 Антонио членството од гевгелискиот атлетски клуб „7 Ноември“ го замени со членство во АК „Аеродром“ Скопје и еве успесите продолжуваат и на Државни првенства.
Денеска победата на Антонио ја слават во неговото родно место Стојаково, ја слават и членовите на АК „Аеродром“ со посветата:
– „Шампионско злато и личен рекорд на 800 метри за иднината на македонската атлетика, Антонио Каракабаков, со време од 2:23:28“!


Ова е големо достигнување за Антонио, но и за самиот негов клуб кој под тренерската палка на Бранимир Зенговски на Државното првенство за млади пионери освои 1 злато (Антонио), 1 сребро, 1 бронза, 2 четврти места, две финалиња на 60 метри и скок во далежина на Државното поединечно првенство за млади пионери 2025.
Спортскиот настан, Национално поединечно првенство за млади пионери, го организираше Атлетската федерација на Македонија.

Честитки Антонио!
Многу успех и нови победи во твојата спортска кариера!




















