На градскиот стадион во Гевгелија вчера се одржа натпревар каде во дербито силите ги одмерија ФК „Кожуф“ – ФК „Скопје“ од Скопје.
Гевгеличани добија еден бод, но и немил извештај за натпреварот кој имаше прекин.
Имено, се играше 57-та минута кога гостите поведоа со 0:1. И по тој гол, барем од она што можеше да се види на стримот на ФФМ, дојде до инцидент. Удрен беше фудбалер на Скопје по што дојде до голема гужва на еден дел од теренот во близина каде беа и домашните фанови.
Мешаницата траеше 15 минути. Судијата одлучи натпреварот да продолжи, но судиското продолжение траеше 15 минути. Претходно Кожуф во 83-та минута дојде до израмнување. На крајот резултатот беше 1:1.
Натпреварот се одржа во рамките од 6-то коло во Втората македонска фудбалска лига во која настапува гевгелиски „Кожуф“.

Во меѓувреме и гевгелискиот тим ФК „Кожуф“ се огласи со ДЕМАНТ во кој се вели:
– „Факт е дека навивачите реагираа бурно во еден момент од натпреварот по револт на судска одлука, тврдиме дека немаше никаков напад или удар врз играч на Скопје. На снимката јасно се гледа дека станува збор за симулација, односно играчот со број 10 на ФК Скопје е потегнат од соиграч за истиот да падне. По прекинот на натпреварот, истиот продолжи нормално со жар и заврши во фер и спортска атмосфера. На крајот играчите и сите присутни актери си подадоа рака, како што и доликува.
Во прилог моментот од настанот (57 минута и 17 секунда од натпреварот)“:
Текстот и последното видео се содржината на демантот на ФК „Кожуф“-Гевгелија.



















