БОРЧЕ ТАНЧЕВ – Најдобро пласиран шахист од Гевгелија на 4-тиот Интернационален шаховски меморијал “Венци Попов 2025”
Борче освои 5 бода во 9-те натпреварувачки круга и го завзеде 36-то место во конкуренција од 135 шахисти од 8 европски земји: Србија, Грција, Бугарија, Албанија, Косово, Данска, Германија и Македонија.
Со ова Танчев како член на ШК “7 Ноември” покажува дека Гевгелија има шаховски потенцијал кој се негува, се натпреварува, а понекогаш и победува, следејќи ги стапките на шаховскиот патрон, првиот републички шаховски младински првак од Гевгелија, југословенскиот младински репрезентативец, фиде мајстор Венци Попов.
Честитки!



















