Младиот 15 годишен тенисер од Гевгелија, македонски младински првак во двојќи и неколкукратен првак на Македонија, Александар Груиќ оствари уверлива ПОБЕДА и го понесе победничкиот пехар од тенискиот турнир „Круна Опен“ што се одржа викендов во Гевгелија.
Тој во финалето играше со двојно постар противник од себе, Костадин Петров од Велес и успеа да го совлада со резултат 2:0, во сетови (6-0; 6-2).


На патот до финалето Александар одигра четири меча. Прв противник му беше Слободанка Лазарова над која доминираше со резултат 9:0.
За вториот меч противник му беше Константин Костов од Валандово над кој Александар повторно доминираше убедливо со резултат 9:0.

Третиот меч го доби против Андреј Саздовски од Скопје, со кој првиот сет го доби со 6-2, а вториот сет губеше 5-2, со две сет топки за противникот, но успеа да се врати во форма и сетот да го заврши со резултат 7-5. Со оваа победа Александар успеа да се пласира во финалето каде за противник го имаше Костадин Петров од Велес.

На 14-от по ред традиционален турнир „Круна Опен“ настапија 25 тенисери од Гевгелија и од други тениски клубови од државата. Александар настапи самостојно како тенисер од Гевгелија.
Повеќекратниот младински првак на Македонија во тенис и актуелен европски освојувач на шампионски титули на „Тenis Europe“, Александар Груиќ од Гевгелија е тениска надеж на Македонија. Тој до сега се школуваше во Гевгелија, а со своите 15 години возраст образованието го продолжува во Скопје, каде се запиша на Тениска Академија која ја посетува од овој септември.
Му честитаме за освоениот трофеј во Гевгелија и му посакуваме нови успеси!





















