четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Македонски пиперки со опасен пестицид продавани во Хрватска, инспекциите на терен

Инспекциски контроли кај извозникот, откупувачите и производителите, црвените пиперки не се вратени во Македонија, велат од ДЗИ

октомври 8, 2025
in MАКЕДОНИЈА
Македонски пиперки со опасен пестицид продавани во Хрватска, инспекциите на терен
0
SHARES
140
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Од македонските ниви, 15 илјади килограми црвени пиперки со високо ниво на пестицидот метомил стигнале на хрватскиот пазар. Европскиот систем за безбедност на храната објави дека пиперките се повлечени. Употребата на овој пестицид е забранета, а инспекциите вршат контрола кај производителите.

Хрватските власти по четврти пат годинава открија високо ниво на пестицид во македонски зеленчук. Последната ваква пратка до тамошниот пазар била испратена минатиот месец.

Related posts

ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН!

ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН!

август 2, 2026
Деветмина лишени од слобода во Скопје, кај нив е пронајдена дрога

Деветмина лишени од слобода во Скопје, кај нив е пронајдена дрога

јули 31, 2026

Вкупно 15.000 килограми, или 15 тони црвени пиперки биле извезени од кај нас на 9 -ти септември, за две недели подоцна да биде земен примерок од анализа од малопродажната мрежа.

Анализата открила дека зеленчукот содржи метомил повеќе од дозволеното.

Информацијата ја објави Европскиот систем за безбедност на храната (RASFF) кој соопшти дека максималното дозволено ниво на овој пестицид е 0,01 mg/kg, но во македонските пиперки е утврдено негово присуство од 0,049 mg/kg .

Според овој Систем за брзо предупредување за храна и добиточна храна, ризикот од ова ниво на пестицид е сериозен.

Високо токсичен пестицид

Но што поточно тоа значи за човековото здравје и воопшто за животната средина, објаснува професорот Велимир Стојковски од Факултетот за ветеринарна медицина, кој за РСЕ вели дека метомилот е високо токсичен.

  • „Од биохемиски аспект, неговата акутна и хронична токсичност е навистина висока, а при тоа, тој има способност многу бргу да се ресорбира преку кожата, но и со вдишување исто така, како и со орално внесување директно“, додава д-р Стојковски, професор по биохемија.

Гадење, вртоглавица и конфузија, се само дел од последиците кои може да ги има некое лице, изложено на метомил во поголеми дози.

Високо токсичниот пестицид пиперката го добила уште во нивата

Реакциите од изложеноста на овој пестицид се различни, дотолку повеќе што може да предизвикаат и респираторна парализа или смрт. Оттука, метомилот е токсичен и за добитокот, домашните, па и дивите животни, што е причина неговата употреба да биде строго лимитирана. Професорот Стојковски вели дека некои земји во светот, всушност и целосно го имаат забрането.

Метомилот е карбаматен инсектицид кој е воведен во 1966 година и е познат по својата висока токсичност за луѓето, добитокот, домашните миленици и дивите животни. Примерок од контаминираните пиперки е земен на 23 септември, додека Хрватска официјално е известена за проблемот на 3 октомври.

Се вршат контроли и надзори кај извозникот, откупувачите и индивидуалните земјоделски производители по нотификациите од RASFF системот и официјалното известување од Хрватска за утврдено присуство на пестицидот метомил во свежа црвена пиперка увезена од Македонија, информира Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ).

Во тек е заедничка контрола на Инспекторатот за земјоделство и Агенцијата за храна кај извозникот на пиперките кај кои бил откриен опасниот пестицид.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Александар Груиќ – ПОБЕДНИК на тенискиот турнир „Круна Опен“ во Гевгелија

Next Post

Почина Панчо Минов – Два мандата беше градоначалник на Кавадарци, 4 мандата беше пратеник

Next Post
Почина Панчо Минов – Два мандата беше градоначалник на Кавадарци, 4 мандата беше пратеник

Почина Панчо Минов - Два мандата беше градоначалник на Кавадарци, 4 мандата беше пратеник

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Западниот Булевар во Гевгелија во завршна фаза

Западниот Булевар во Гевгелија во завршна фаза

1 година ago
ВИДЕО: Масовна тепачка пред Собранието на Град Белград

ВИДЕО: Масовна тепачка пред Собранието на Град Белград

1 година ago
„ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО” – акција на младите од ЦК Гевгелија

„ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО” – акција на младите од ЦК Гевгелија

2 години ago
Нов „рели шампион“ лишен од слобода кај Милетково

Нов „рели шампион“ лишен од слобода кај Милетково

1 месец ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist