Празничен викенд. Гевгелија огреана со октомвриско сонце кое со дневна температура од 22°C ја прави најтопол град во државата.
Граѓаните и денеска го практикуваат омилениот кафе ритуал игнорирајќи го ветрот.
Метеоролозите најавуваат дека до вторник ќе се задржи стабилно време. Од среда под влијание на влажни воздушни маси ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.
Уживајте во денот 🌞🍮🧋
Фото: Кафе уживатели, центар Гевгелија



















