Вчера попладне, додека траеа изведбените работи на улица „Партизанска“ во Гевгелија работниците пронашле неексплодирана граната. Работите биле стопирани, а случајот пријавен во ОВР Гевгеија.
МВР јавува дека на 14.10.2025 (вторник) околу 17:20 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека при вршење ископ со работна машина багер на ул.„Партизанска“ во Гевгелија била пронајдена неексплодирана направа.
Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување направата била подигната и било констатирано дека се работи за неексплодирана граната од Првата светска војна.
Улица „Партизанска“ поминува низ густо населена станбена зона. Добро е што багерот не ја оштетил, ниту ја активирал екслозивната направа. Според староста, потеклото од ПСВ (1914-1918 г.) гранатата повеќе од еден век лежела под земја на улицата во Гевгелија. Направен е увид на местото, а експерти од ДЗС ја однеле направата.




















