Трка „Run together“ – третата и единствена инклузивна трка во државата стартуваше денеска на пладне низ улиците на Гевгелија со учество на 900 лица со попреченост, инвалидизирани лица, заедно со нивните помошници и придружници.
Се трча траса долга 1 km, а победници се сите кои ќе пристигнат на целта.
Организатори на спортскиот и другарски настан се Фондацијата „Ице Бегов“ во соработка со АК „7 Ноември“ од Гевгелија.
БРАВО за спортскиот дух, инклузивата, човечноста и сите споделени насмевки!
На трката се придружија и Здруженијата на инвалидизирни лица д Гевгелија и други градови од Македонија. Трчаа деца и возрасни, и волонтери придружници, сите со насмевка. Пораките на поддршка и поттик за успех беа добредојдени.





















