Петнаесет годишниот Александар Груиќ од Гевгелија викендв настапи наа Зимското отворено тениско првенство во организација на Тениската Федерација на Македонија и овде во силна конкуренција на млади тенисери до 18 години го освои високото ТРЕТО место.
Првенството се играше во Тенискиот клуб „Мондано“ во Скопје.
Александар одигра три меча до освојувањето на подиумот за трето место.
Првиот меч го одигра против четвртиот носител на турнирот Филип Митевски кој има 18 години, а Александар го победи со резултат 6-4 7-5.
Потоа играше против Стефан Дебреслиовски кој има 16 години и на овој меч доминираше Александар со победа во два сета 6-1, 6-1.
Во полуфиналето на турнирот Александар играше против првиот тенисер на Македонија до 18 години Ерион Незири (годинава полни 18-ка) од кого Александар после долг меч изгуби со резултат 6-3, 7-5.
- „За мене овој турнир беше еден од најтешките поради специфичната подлога на теренот каде што не сум играл никогаш, но сепак од овој резултат сум задоволен, бидејќи за разлика од противниците со кои играв јас имам само 15 години“ – изјави за GevgelijaNet младиот гевгелиски тенисер, Александар Груиќ.
На теренот во „Мондано“ се играше на подлога од вештачка трева, на која Александар никогаш не играл и тоа заедно со фактот што е три години помлад од полнолетните противници со кои се соочил на терен се факторите со кои освоил трето место во конкуренција У-18.
Ова е сепак одличен резултат за младиот Александар кој има време и воља уште да учи и напредува во тенисот!





















