четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Влатко Семенаков истрча 1.062 километри за болно дете

Гевгелиски спортист хуманитарец трчаше за да спаси живот на болното дете Костин Лешевиќ

февруари 3, 2026
in СПОРТ
Влатко Семенаков истрча 1.062 километри за болно дете
0
SHARES
508
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Неуморниот спортист, атлетичар, професор и тренер Влатко Семенаков во текот на месец јануари 2026 истрча 1.062 километри за хуманитарни цели, за собирање средства за спасоносно лекување на болното дете Костин Лешевиќ.

На донаторското трчање за хуманост учествуваа 800 тркачи од Балканот, а од Гевгелија се приклучи Влатко и истрча 4-то најдобро време од сите тркачи заедно. Иако не се бодува ниту наградува неговиот резултат, важно е што секој од исрчаните километри носат средства за болното дете, а Семенаков не се штедеше. И самиот како татко на две малолетни деца не можеше да се одврати од помислата дека може да помогне со својата атлетска и тркачка упорност.

Related posts

Коста Попристовски од Богданци – Меѓународен шаховски првак У16

Коста Попристовски од Богданци – Меѓународен шаховски првак У16

август 9, 2026
Гевгелија и Македонија подготвени за стартот на Европското првенство!

Гевгелија и Македонија подготвени за стартот на Европското првенство!

август 6, 2026
  • „Истрчав 1062км во Јануари, учествуваа 800 тркачи од цел Балкан достигнав до четвртото место, неможам да верувам на самиот себе што сум можел. Ова беше Божија сила и волја, ова не е да се докажувам, туку трчав да ја спасам душата и срцето на ❤️Костин Лешевич❤️ трчав секој ден по дожд, ветер, ладно, снег и после работа да достигнам повеќе километри затоа што километрите беа донирани и средствата беа дадени за боледувањето на Костин, Кога се работи за дете го забораваш заморот и болките. 🙏За ова се’ беше заслужен и Дарко Прошевски“ – истакна Семенаков.
Резултати – Семенаков со 4-то истрчано време од 800 учесници на Хуманитарната акција

Ова е навистина хуманитарна донаторска спортска посвета на Семенаков за болното дете истрчувајќи во просек по 34,25 километри секој ден од јануари за да се соберат средства за лекувањето на Костин.

Акцијата беше организирана од спортисти тркачи од „КТЈ“ клуб од Србија. Учествуваа 800 тркачи од целиот Балкан, вклучувајќи и некои европски држави.Тркачите беа поделени во групи, од кои една од групите беше наименувана како „Македонија“, додека Влатко Семенаков трчаше за групата „Деца неба“ како единствен претставник од Македонија во оваа српска група. Трката започна на 1-ви јануари и траеше до 31-ви јануари заклучно до полноќ. Предизвик за секој тркач -хуманитарец беше што повеќе истрчани километри и високо рангирање во силната конкуренција.

Во групата Македонија имаше уште тројца наши претставници од Гевгелија:
– Јован Петров со истрчани 550 километри и освоено трето место во групата „Македонија“
– Трајче Динев со истрчани 146 километри
– Марјан Туртуров со истрчани 118 километри,
како и Влатко Семенаков со истрчани 1062 километри и освоено 4-то место во генералниот пласман на поединец.

Влатко Семенаков изјави дека самиот неверува во постигнатото и покрај силната конкуренциј од овој дел на Европа и дека со Божја помош, сопствена желба и волја и над човечки напори успеа да се надмине себе си.

  • „Бев инспириран од трогателната приказна за Коста, на кој очајно му беа потребни парични средства за понатамошно лекување. Трчав по исклучително лошо време, во зимски услови, по снег, дожд и студ и на некаков чудесен начин најдов сила да го истрчам секој ден од месец јануари и да ги надминам сите предизвици. Морам да напоменам дека голема подршка и разбирање имав од моето семејство во текот на целиот месец, а посебно би се заблагодарил на мојот клубски колега Дарко Прошевски кој неуморно ми правеше друштво кога ми беше најтешко” – изјави за GevgelijaNet спортистот-хуманитарец Влатко Семнаков.
Влатко и Дарко трчаат заедно

Секој истрчан километар од оваа акција беше откупен од донатор. Од целата хуманитарна акција вкупно беа истрчани и донирани два милиона и двеста илјади динари.

Со успешниот исход на Акцијата болното дете Костин се упати на лекување во Шпанија.

Секоја чест професоре Семенаков – ЧОВЕК со големо СРЦЕ!

Честитки за сите учесници. Сите заедно сте донатори за здравјето на Костин!

Плакат за хуманитарната акција – со трчање до средства за лекување на Костин
ShareTweetShareSend
Previous Post

35 гевгелиски планинари го искачија врвот Мусала

Next Post

Гевгелија со најмногу дожд 19 л/м2 за 12 часа

Next Post
Гевгелија со најмногу дожд 19 л/м2 за 12 часа

Гевгелија со најмногу дожд 19 л/м2 за 12 часа

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Прва награда Гран При за Матеј Колев од Гевгелија на фестивал во Србија

Прва награда Гран При за Матеј Колев од Гевгелија на фестивал во Србија

1 година ago
Приведен криумчар на мигранти кај с.Мрзенци

Приведен криумчар на мигранти кај с.Мрзенци

3 години ago
ОВР Гевгелија: Во Миравци лишени од слобода три млади лица

ОВР Гевгелија: Во Миравци лишени од слобода три млади лица

9 месеци ago
„Гевгелија Денс Фест“ – Tрет меѓународен танцов натпревар во Гевгелија

„Гевгелија Денс Фест“ – Tрет меѓународен танцов натпревар во Гевгелија

5 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist