сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home OД НАШ АГОЛ

Почина Јордан Трајков, најстариот жител на с.Серменин

Почина на 94 години во својот двор во с.Серменин, беше најстариот од 8те постојни жители на селото. Сега останаа само 7-мина

февруари 9, 2026
in OД НАШ АГОЛ, ФОКУС
Почина Јордан Трајков, најстариот жител на с.Серменин
0
SHARES
2.2k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

На 94 годишна возраст во дворот од својата куќа во с.Серменин, гевгелиско, во саботата почина Јордан Трајков, најстариот жител во ова планинско село во општина Гевгелија.

Јордан е роден 1932 година, беше работник во фабриката „Зора“ во Гевгелија, а кога ЗИК „Винојуг“ замина во стечај и тој се пресели од Гевгелија во својата стара семејна куќа во селото Серменин. Ја поправи куќата, ја реновираше, ја обнови со нови врати и прозорци, го среди дворот, ги стокми дрвата за зима покрај ѕидот и овде ги минуваше сите годишни времиња последните децении од својот живот. Беше сопруг, татко на три сина, сакан дедо и почитуван вујко.

Related posts

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026
Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

септември 30, 2026

Во селото Серменин со последниот попис во 2021 година во Македонија регистрирани се само 8 постојани жители. Сега останаа седум. Дедо Јордан се одјави од неговото родно место, од планината, од природата која му дари здравје, виталност и сила да и’ се приближи, но не и да ја дочека 100-ката. Погребан е денеска покрај својата сопруга, пред него почината, на градските гробишта во Гевгелија.

Дедо Дане, како што го викаа во селото, го знаеја сите, и староседелците во Серменин, и гевгеличани кои овде изградија викендици, и случајните посетители кои ќе дојдат во селото, зошто неговата куќа беше покрај патот, со широк зелен двор каде секој можеше да најде починка и добар збор, а до куќата е и селската продавница, па немаше човек да не дојде во селото, а да не се зазбори со дедо Дане.

Старата таткова и дедова куќа во Серменин во која живееше Јордан, дедо Дане

Јордан беше активен ловџија низ ловиштата на Кожуф, познато е Кованското, береше печурки, познатиот планински чај со кој се грееше во зима, сам сечеше дрва и ги цепаше во својот двор, сам ја поправи куќата зошто се разбираше и од ѕидарски работи, па како за себе, така им помагаше и на другите нешто да поправат или доградат во своите селски куќи.

Беше приврзаник на природниот начин на живот и исхрана, пешачеше многу, особено после операцијата за вграден стент, ја почитуваше природата и се хранеше од природни плодови, се хранеше онолку колку му бара организмот, без масти, без конзервирана и преработена храна, речиси аскетски, но здраво. Тоа и природниот и чист воздух на Кожуф му дарија 94 години живот, така што ја раситни 100-ката, ама не ја одживеа целата.

Јордан со својот внук од сестра, д-р Џоко Атанасов

Серменин е планинско село сместено на Кожуф на 540 метри надморска височина, исселено после ВСВ после ослободувањето. Од потреба по вработување населението од селото се пресели во Гевгелија каде и денес постои познатата т.н. „Серменинска мала“.

И Јордан Трајков после ослободувањето како тинејџер се преселил во Гевгелија со семејството. Овде подоцна се вработил, но секогаш навраќал во своето родно село. Се оженил, направил семејна куќа, му се родиле три сина, но тој пак не го заборавал селото. Во последните три децении и како стечаец, и како пензионер доаѓањето во Гевгелија му беше како на гости, а домашното огниште во с.Серменин му беше животната сила. Почина во својот двор додека цепаше дрва, во татковата и дедовата авлија.

Дивата јаболкница во дворот на дедо Дане каде ги пречекуваше гостите и случајните посетители на Серменин

Остана јаболкницата со дрвените трупци за седење и пречек на гости без својот домаќин, без да има кој да ги пречека посетителите на селото Серменин.

Последната средба со посетител регистрирана од модерните мобилни гости е посетата на планинскиот готвач Џоко Ризов од Гевгелија кој во дворот на дедо Дане приготвува риба на скара со зеленчукови продукти. Безмастен, протеински и витамински богат ручек на каков што е научен дено Дане. Ним и било вкусно, а за интернет читателите остави трајни траги за срдечниот и тивок гостопримлив домаќин од с.Серменин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dzoko Rizov (@dzokorizovv)

Почивај во мир дедо Дане, раскажувај им за зелениот Кожуф горе на небото, на ангелите, местото кое крепи со живот до 100-ката!

Секогаш насмеан и ведар, во Серменин нема нервози и стрес
Убавите хризантеми расцветани во дворот на дедо Дане покрај камениот потпорен ѕид на куќата што го изгради сам

Нека најде спокој дедо Дане во вечните предели.

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: Нивото на Дојранското езеро покачено на 50 cm над „0-та котата“

Next Post

Јован и Јане од Негорци – Прваци по електроника и информатичко размислување на државно ниво

Next Post

Јован и Јане од Негорци - Прваци по електроника и информатичко размислување на државно ниво

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Aнтонио Каракабаков освои ДВА МЕДАЛА на Државно првенство во атлетика

Aнтонио Каракабаков освои ДВА МЕДАЛА на Државно првенство во атлетика

1 година ago

Интервју со Д-р Окова: Амбулантата по „Медицина на труд“ во служба на здравјето на работникот

3 години ago
Тивка ноќ во Гевгелија -Буџетот за 2023 стокмен и изгласан

Тивка ноќ во Гевгелија -Буџетот за 2023 стокмен и изгласан

4 години ago
ФК „Џокер“ Фурка растура на „New stars cup 2023“ во Скопје

ФК „Џокер“ Фурка растура на „New stars cup 2023“ во Скопје

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец
  • Во Македонија 54% од населението се пушачи

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026
ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist