Ликовни дела на учениците од ООУ „Крсте Мисирков од Гевгелија се изложени во Париз на изложбата „Мојата омилена книга“ која се реализира по трет пат во Париз, Франција на повик на францускиот визуелен уметник Yolande.
Изложбата е поставена во галеријата „Menil’8“ на улицата Boyer во Париз и ова е 5-та едиција, од кои трета година по ред учествуваат и гевгелиските ученици заедно со своите врсници од Париз. Уметничкиот настан се отвори на 11 февруари, а траеше до 15-ти февруари. Оценките се одлични, впечатоците за соработката исто така.
Инспирација за децата беа книгите кои им оставиле впечаток и со ликовен израз цртаа плакат за замислена корица на својата омилена книга. Тука се нјдоа илустрации за „Малиот принц“, „Моби дик“, „Силјан штркот“, „Мери Попинс“, „Црвеното јаболко“ и други.

Во овој уметнички проект беа вклучени учениците од IV и V одделение од „крсте Мисирков“ под раководство на одд. наставници: Тања Трајкова, Оливера Проева, Митра Попова, Магдалена Ангова, Елизабета Митрова, Магдалена Накова, Ивана Џишева Дојранлиева , Благица Радинска.

Проектот промовира културна размена, поттикнува креативност и инспирира поголема љубов кон францускиот јазик и култура, во кое несебично се вклучија и нашите ученици од Гевгелија.
– „Голема е честа и за организаторите и за нас за воспоставениот линк меѓу Македонија и Франција. За линковската врска сме особено благодарни на нашата Anita Alabau, самостоен уметник, која живее и твори во Париз“ – велат од гевгелиското училиште „Крсте Мисирков“ чии ученици со своите дела се учесници на изложбата.





















