четврток, 1, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ИЗБОР на уредникот

Доделени ПЛАКЕТИ на најдобрите спортисти за 2025, за Гевгелија и Југот на Македонија

Изборот го изврши Спортската редакција на GevgelijaNET сумирајќи ги постигнатите резултати на спортистите од Гевгелија и југот по однос на нивните спортски достигнувања во текот на изминатата 2025 година во повеќе спортски и возрасни категории

февруари 27, 2026
in ИЗБОР на уредникот, СПОРТ
Доделени ПЛАКЕТИ на најдобрите спортисти за 2025, за Гевгелија и Југот на Македонија
0
SHARES
1.2k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Денеска напладне на пригоден собир во организација на локалиот портал GevgeijaNet беа доделени ПЛАКЕТИ за НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТИ, клубови и поединци од Гевгелија и југот на Македонија. Изборот го изврши Спортската редакција на GevgelijaNET сумирајќи ги постигнатите резултати на спортистите од Гевгелија и југот по однос на нивните спортски достигнувања во текот на изминатата 2025 година во повеќе спортски и возрасни категории.

Наградите ги додели Јованка Дојранлиева, главен уредник на GevgeijaNet, а ги понесоа следните спортисти:

Related posts

КК „Кожув“ – нова сезона, нов тим, нов стремеж за повисоко место на табелата

КК „Кожув“ – нова сезона, нов тим, нов стремеж за повисоко место на табелата

септември 29, 2026
Четири медали за децата од „Школата за атлетика“ на „ILINDEN LIFE RUN“

Четири медали за децата од „Школата за атлетика“ на „ILINDEN LIFE RUN“

септември 28, 2026

1. ДИМИТАР МАЏУНКОВ – Спортист на годината за 2025 – ДРЖАВEН ШАМПИОН во мотокрос во класата МХ од Генералниот пласман на Мото Крос трките од Македонскиот шампионат за 2025 година.

2. ВЛАТКО СЕМЕНАКОВ – Најдобар спортист во категорија 40+ за 2025 година – ВИЦЕШАМПИОН на Балканско првенство во атлетика одржано во Вараждин, Хрватска, член на штафетниот победнички тим на Скопскиот Маратон 2025, освојувач на атлетски подиуми во Македонија, Гевгелија, Грција.

3. ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА – Спортска репрезентативка – прва жена од Југот на Светското првенство во планинарско трчање „Masters Skyrunning World Champs“. Првата спортистка по планинарско трчање од Богданци, член на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија, стана дел од репрезентацијата на Македонија во Skyrunning и овде го освои високото трето место.

4. ЈОВАН НАСЕВ – Спортско откритие за 2025 година – млад талентиран 8 годишен фудбалер, носител на 12 трофеи за МВП на одиграни 12 турнири во „Детската лига“ во Грција;

5. Спортскиот клуб за слепи и слабовидни лица „АУРОРА“ од Гевгелија – Спортски новитет за 2025 година, за организирањето на првиот турнир во „Goalball” во Македонија, во Гевгелија.

6. АНА БЕГОВА – Спортски талент во подем од девојчињата – Иднината на македонската атлетика
Таа со своите 11 години рамо до рамо со спортските сениори, атлети и ветерани истрча 8-мо време на „Скопскиот маратон“ на трката од 5 километри, претркувајќи 4600-ни повозрасни и поискусни спортисти од неа.

7. АНТОНИО КАРАКАБАКОВ – Младински спортски талент во подем – ДРЖАВЕН ПРВАК на 800 и 1.500 метри, ученик од Стојаково, поранешен член на АК „7 Ноември“ Гевгелија, сегашен член на АК „Аеродром“ од Скопје и надеж на македонската атлетика.

8. НИКОЛА ПЕЕВ – Најдобриот пара-атлетичар во Македонија, член на Македонскиот параолимписки тим, кој освои две медали (златна и бронзена) на последно одржаниот Меѓународен пара-атлетски митинг „Загреб Опен 2025“ одржан во Хрватска.
Никола е првак и вицешампион 9 години по ред во атлетски повеќебој на Републичките спортски игри за лица со телесен инвалидитет, член е на ЗГЛИ „Мобилност“ Гевгелија.

9. ШКОЛА ЗА АТЛЕТИКА на АК „7 Ноември“ Гевгелија – Најдобра Спортска школа за 2025 – раководена од спортските работници, професори, и самите спортисти Влатко Семенаков и Тоше Анчев, за бројните подиуми и трофеи што ги освојуват учениците на школата на натпревари во Македонија, Грција, Србија и Балканот.

10. ЈОВАН МАНДАЛОВ – Најмалиот спортски планинар – 7 годишниот, член на ЗПСК “Кожуф” Гевгелија за искачените сите врвови на гевгелиската планинска убавица Кожуф и 4 врвови над 2000 метри во Македонија. Гордост му е искачувањето на Кораб, највисокиот врв во Македонија (2.764 мнв).

Порталот GevgeijaNet изборот на „Спортист на годината“ го организираше и минатата година, го прошири по опсег оваа година и најавува традиционално одбележување на најдобрите спортски резултати и успеси на поединци и клубови со цел тие да бидат видливи и препознатливи по своето спортско остварување, како во својата средина, така и за пошироката публика која го следи спортот.

Порталот GevgeijaNet.com им честита за наградата на сите добитници на ПЛАКЕТА „Спортист на годината за 2025“ во својата категорија, искажувајќи задоволство што на овој симболичен прием ја собра на едно место спортската елита на Гевгелија за 2025, оние кои што се искачуваат на подиумите за победници, шампиони и вицешампиони бранеји ги боите на својот клуб, на Гевгелија, на Македонија, во надеж дека нивната упорност, дисциплина и спортски дух ќе биде инспирација за нови генерации спортисти и победници, за здрави млади и успешни поколенија.

ДИМИТАР МАЏУНКОВ
ВЛАТКО СЕМЕНАКОВ
ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА
ЈОВАН НАСЕВ
СК „АУРОРА“ – ЛАЗЕ ТРАЈКОВ
АНА БЕГОВА
АНТОНИО КАРАКАБАКОВ
НИКОЛА ПЕЕВ
ТОДОР АНЧЕВ – Школа за атлетика
ТОДОР АНЧЕВ и ВЛАТКО СЕМЕНАКОВ – тренери при ШКОЛА ЗА АТЛЕТИКА
ШКОЛА ЗА АТЛЕТИКА „7 Ноември“ Гевгелија
ЈОВАН МАНДАЛОВ
JOВАН со претставници на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија, ВИТА и ВАЛЕНТИНА

Помагатели на настанот се „Жито-Пром“ Гевгелија и компанијата „БИСТРО Груп“ од Гевгелија.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Брендот Lidl почна изградба на маркет во Гевгелија

Next Post

Започна Американска воена операција врз Иран „Епски бес“

Next Post
Започна Американска воена операција врз Иран „Епски бес“

Започна Американска воена операција врз Иран „Епски бес“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Интервју: Ѓорги Јованов – 40 години уметничка дејност и живот со фолклорот

7 месеци ago
Почивај во мир Саше!

Почивај во мир Саше!

2 години ago
ВИДЕО: Гевгелија спортска и хумана – Инклузивна трка “Run together” и детски трки

ВИДЕО: Гевгелија спортска и хумана – Инклузивна трка “Run together” и детски трки

2 години ago
„Добра игра. Фер плеј“ – Lidl започнува кампања за вработување

„Добра игра. Фер плеј“ – Lidl започнува кампања за вработување

5 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец
  • Во Македонија 54% од населението се пушачи
  • Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026
Во Македонија 54% од населението се пушачи

Во Македонија 54% од населението се пушачи

октомври 1, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist