Саботно, работно, раздвижено и цветно. Таков е денешниот ден во центарот на Гевгелија. Отворен е „Цветниот пазар“ со тезги полни цвеќе од локалните производители на цвеќе.
Денот исполнет со сонце и богатство од бои, цветни мириси и аранжмани како и секогаш во пресрет на 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената. Сите мнифестации на вниманието и љубовта се посилни со подарен цвет. Затоа денеска изобилуваа и продвачи на цвеќе и купувачи.
Изборот на цвеќето е голем, од јаглики за 50 денари, до орхидеи за 900 денари.


Ако сакате нов избор на поклон за своите сакани мајка, баба, сестра, девојка, пријателка тука се и дрвените изработки на умешниот В.Танев од Гевгелија.
Хуманата одлика на овој ден е акцијата на подмладокот на Црвен крст Гевгелија кои даруваа свои цветни изработки собирајќи прилози кои ќе бидат донирани на лица од социјален ризик за споделување внимание, помош и радост во овој претпразничен ден. 🌺🌹🌸🌷🌺



















