Најдобриот тенисер од Гевгелија, младиот Александар Груиќ (13 год.) минатата недела учествуваше на тениски турнир во Грција, во организација на Европската тениска Федерација и освои високо ВТОРО место во конкуренција на тениски двојки.
Александар играше во двојки со Оливер Крупа од Полска. До финалето одиграа четири меча и сите ги реализираa со победа. Првата победа ја остварија против Konstantinos Antoniou и Efthimis Tzimkas од Грција кои ги совладаа со резултат 6-1; 6-0.
Втората победа ја реализираа во мечот против Jery Koutsogiorgos и Thanos Xirotagaros од Грција, кои беа 6-ти носители на листата на ЕТФ за млади, а ги совладаа со резултат 6-3; 6-4.
Во полуфиналето од турнирот во двојки гевгеличанецот Груиќ и полјакот Крупа се соочија на тенискиот терен со Yordan Malinkov и Nikola Pavlov од Бугарија, а победата беше за двоецот од Гевгелија со полјакот, со резултат 6-3; 6-1.
Во финалето за противник го имаа тенискиот пар во состав Марко Алексовски од Македонија и Paolo Carroccio од Италија, од кои загубија со 2:0 во сетови (6-4; 6-3).
Сепак, освоен е ВИЦЕШАМПИОНСКИОТ ПОДИУМ и медал за освоено ВТОРО место во тениски двојки.

Да напоменеме дека Александар има 16 години, тој е средношколец и посетува „Спортска академија“ во Скопје.
Во категоријата „сингл“ Александар одигра три меча. Оствари победа над Christos Afroudakis од Грција со 6-3; 7-5 , победа над Vasilieos Lykouresis исто од Грција со 6-3; 7-5, а во четвртфиналето изгуби од вториот носител на листата на ЕТФ Olivier Krupa од Полска со 6-3; 6-3. Со тоа Александар се позиционираше на 4-то место од тенисерите до 16 години на турнирот во Лариса, Грција, во организација на ETF. На турнирот настапија над 60 тенисери до 16 години од повеќе Европски земји.




















