Во изминатите триипол недели Дојранското Езеро послабо го посетуваа дождовни облаци, па улогата на спасители на нивото на езерото го имаа природата, природните речни водотеци кои се слеваат во езерото и топењето на снеговите од Беласица.
Така, за изминатите 25 денови Дојранското езеро ја крена својата снага со нови 4 сантиметри и во моментот нивото изнесува 57 сантиметри над „0“-та котата.
Според меѓусоседскиот договор со Р.Грција до договореното оптимално ниво на езерото недостасуваат уште 63 сантиметри.
Снеговите на Беласица уште не се целосно стопени, ќе има уште природни водотеци. Но, ќе биде ли доволна само природата за одржување на оптималното ниво на езерото, после затварањето на пумпите од Хидросистемот кај Ѓавото, кој носеше вода од Вардар до езерото? Каналот кај Топлец по кој водите од Хидросистемот се слеваат во езерото минатата година беше исчистен од доброволци, за ефикаснен дотек кон езерото. Но …. на водите од пумпите од ХС уште се чека.



















