Успешен старт на натпреварувачката сезона за членовите на Карате клуб „Дојран“ од Дојран под раководство на тренерот Лилјана Упчева.
Со почетокот на натпреварувачката сезона од февруари година каратистите од Дојран учествуваа на пет меѓународни карате турнири во силна меѓунардна конкуренција и тоа три во странство, во Белград Србија, во Атина и Катерини Грција и два интернационални турнири „Олимпик Опен“ и „Фунакоши Гичин Опен“ под домаќинство на Скопје, Македонија.
Членовите на КК „Дојран“ се млади, се натпреваруваат во категоријата деца и успееја на своите плеќи да издржат борби и покажат карате вештини вредни за 30 медали и да се искачат на 30 освоени подиуми за најдобрите тројца во категорија.
Во бербата на 30 медали спаѓаат: 11 златни медали за освоено ПРВО место, 6 сребрени медали за освоено ВТОРО место и 13 бронзени за освоено ТРЕТО место.
Еве ги заслужните медалисти:
1. Турнир во Катерини-Грција 🇬🇷 во конкуренција со над 600 натпреварувачи
– Љупчо Стоиловски 🥇🥈 (ПРВО и ВТОРО место)
– Христијан Кречев 🥉🥉 – две ТРЕТИ места
– Тина Упчева 🥇🥇🥇 – ТРИ ПРВИ места
– Јован Упчев 🥇🥈🥉 – медали за освоено ПРВО, ВТОРО и ТРЕТО место

2. Турнир – МК „ОЛИМПИК ОПЕН“ во конкуренција од над 900 натпреварувачи:
– Тина Упчева 🥈 – ВТОРО место
– Љупчо Стоиловски🥈 – ВТОРО место
– Христијан Кречев 🥉 – ТРЕТО место
– Јован Упчев 🥉 – ТРЕТО место
– Сара Донева 🥉 – ТРЕТО место
3. Меѓународниот турнир “ФУНАКОШИ ГИЧИН ОПЕН” со учество на натпреварувачи од Македонија, Србија, Албанија и др.
– Сара Донева КУМИТЕ 🥇 – ПРВО место
– Јован Упчев КУМИТЕ 🥇 – ПРВО место
– Дарија Јованова КУМИТЕ 🥈 – ВТОРО место
– Дамјан Ѓоковиќ КУМИТЕ 🥈 – ВТОРО место
– Тијана Алаванова КУМИТЕ 🥉 – ТРЕТО место
– Ружица Донева КУМИТЕ 🥉 – ТРЕТО место
– Идан Маневски КУМИТЕ 🥉 – ТРЕТО место
– Ремми Џокиќ КУМИТЕ 🥉 – ТРЕТО место

4. Меѓународен карате турнир „АКРОПОЛИС КУП-АТИНА“ 🇬🇷 со над 990 натпреварувачи
Се настапи во кумите со три категории:
– Тина Упчева 🥇🥇 2 ПРВИ места и едно ТРЕТО 🥉
– Јован Упчев две категории КУМИТЕ 🥇и🥉 освоени ПРВО и ТРЕТО место.
*Поради повреда не настапија Љупчо Стоиловски и Христијан Кречев.
Видеото долу е од „ACROPOLIS Karate cup 🇬🇷 Finals“ – освоен Gold 🏅 medals за Тина Упчева:
5. Меѓународен куп „Ваздухопловца“ – Меморијал „Светозар Родиќ“ во Белград, Србија на кој учествуваа над 600 натпреварувачи од Босна, Србија, Црна Гора, Република Српска и Македонија
– Тина Упчева – ПРВО место 🥇 категорија КУМИТЕ пионерки (-32кг.) во поединечна и
– ТИНА УПЧЕВА – ПРВО МЕСТО 🥇 во екипна конкуренција и покажа квалитетни борби без пораз🏆


Меѓу носителите на медали се издвојува со најмногу трофеи младата Тина Упчева, вкупно освојувајќи 9 медали, од кои на подиумот за ПРВО место се искачи 7 пати, и по еднаш за освоено ВТОРО и ТРЕТО место.

Извонредните резултати на меѓународните настапи на младите каратисти од Дојран на почетокот од натпреварувчката сезона 2026 покажуваат спортски дух, дисциплина и стремеж кон напредок на кој ги подготвува нивната посветена тренерка Лилјана Упчева и самата неколкукратен државен првак на Македонија во карате.
– „Продолжуваме понатаму со нови победи на домаши и меѓународни натпревари и со гордост да го претставуваме нашиот Дојран“ – вели Упчева убедена дека децата од КК „Дојран“ имаат уште сила, желба да тренираат и спортуваат и спортски порив за победи.

Па, спортувајте и победувајте деца, вие мали карате шампиони од Дојран!





















